И Бог рече: „Нека се собере водата што е под небото на едно место, и нека се појави копно!“ И стана така. Копното Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече – мориња; и виде Бог дека тоа е добро. И Бог рече: „Нека израсте од земјата зеленило – трева што дава семе, плодоносни дрвја кои во себе имаат семе!“ И стана така. Земјата пушти од себе зеленило: трева што дава семе според својот род, а и дрвја што раѓаат плод, чие семе е според нивниот род. И Бог виде дека тоа е добро. И настапи вечер, и настапи утро – трет ден. Потоа Бог рече: „Нека се појават светила на небескиот свод, за да го делат денот од ноќта и да бидат знаци, и за времињата, и за деновите, и за годините; и нека бидат тие светилници на небескиот свод, за да ја осветлуваат земјата!“ И стана така. Бог создаде две големи светила: поголемо светило да управува со денот, и помало светило да управува со ноќта; ги создаде и ѕвездите; и ги постави Бог на небескиот свод да ја осветлуваат земјата, и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека тоа е добро.
Прочитај Создавање 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 1:9-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа