Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 6:11-18

Галатјаните 6:11-18 MK2006

Гледајте со колку големи букви ви напишав со својата рака. Оние што сакаат да се фалат по тело, тие ве принудуваат да се обрезувате само за да не бидат гонети поради крстот Христов. Зашто, и оние што се обрезуваат, сами не го почитуваат Законот, а сакаат вие да се обрезувате за да се пофалат со вашето тело; а мене, да не ми даде Господ да се фалам со ништо друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого за мене светот е распнат, а и јас за светот. Зашто во Исус Христос ниту обре­занието има некаква сила, ниту необрезанието, туку новото создание. На оние што постапуваат и по тоа правило, и отсега натаму нека биде мир и милост, ним и на Израел Божји! И така, никој да не ми досадува веќе, зашто јас ги носам на своето тело белезите на Исус. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, нека биде со вашиот дух, браќа. Амин!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност