Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 6:1-10

Галатјаните 6:1-10 MK2006

Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го та­ков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани. Поднесувајте го товарот еден на друг и исполнувајте го така законот Христов. Зашто оној, кој сам себе се смета за нешто, а не е ништо, тој се мами самиот себе. Секој нека си ги испита делата свои и тогаш ќе има пофалба пред себе са­ми­от, а не пред друг. Зашто секој ќе го понесе својот то­вар. А оној што се учи на словото, нека му дава дел од секое добро на оној што го учи. Не лажете се: Бог не е за подигрува­ње. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее. Кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот. Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме. И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера.