Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани. Поднесувајте го товарот еден на друг и исполнувајте го така законот Христов. Зашто оној, кој сам себе се смета за нешто, а не е ништо, тој се мами самиот себе. Секој нека си ги испита делата свои и тогаш ќе има пофалба пред себе самиот, а не пред друг. Зашто секој ќе го понесе својот товар. А оној што се учи на словото, нека му дава дел од секое добро на оној што го учи. Не лажете се: Бог не е за подигрување. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее. Кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот. Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме. И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера.
Прочитај Галатјаните 6
Слушај Галатјаните 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Галатјаните 6:1-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа