Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 5:16-26

Галатјаните 5:16-26 MK2006

Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти. Зашто, телото сака противни рабо­ти на духот, а духот – противни на телото; тие се спротивни еден на друг, за да не го правите она што сакате. Ако ве води Духот, вие не сте под Законот. Делата на телото се познати. Тие се: блудство, нечистота, бесрамност, служење на идоли, маѓии, непријателство, кавги, ревнување, гнев, раздо­ри, расцепи, зависти, пијанство, пирови и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо. А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост. Против такви нема закон. Оние, пак, кои се Христови, го рас­пнаа телото свое со страстите свои и похотите. Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме. Да не бараме лажна слава, еден друг да не се предизвикуваме, еден на друг да не си завидуваме.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Галатјаните 5:16-26

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност