Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 4:8-20

Галатјаните 4:8-20 MK2006

Но тогаш, бидејќи Бога не Го познававте, им служевте на богови кои по својата природа не се богови; а сега, откако Го познавте Бога, или, подобро, откако Бог ве позна, како сега повторно се враќате кон слабите и бедни стихии, на кои сакате одново да им служите? Внимавате на деновите, месеците, времињата, годините. Се плашам за вас, да не сум се тру­дел меѓу вас попусто. Ве молам, браќа, станете како мене, затоа што и јас станав како вас. Вие со ништо не сте ме навредиле: знаете дека, кога за првпат ви про­поведав, бев телесно немоќен, и при сето тоа, вие не го презревте искушението на моето тело, ниту се погнасивте од него, туку ме примивте како ангел Божји, како Исус Христос. Каде ви е сега радоста ваша? Сведо­чам за вас дека кога би било можно, и очите свои би ги извадиле и би ми ги дале. И затоа ли станав ваш непријател, бидејќи ви ја зборував вистината? Тие не ревнуваат за вас добро, туку сакаат да ве одвојат од мене, та вие за нив да ревнувате. Добро е секогаш да ревнувате во доброто, а не само кога сум меѓу вас. Чеда мои, за кои сум пак во родилни маки, додека не се обликува во вас Исус Христос, сега би сакал да бидам меѓу вас и да ви се обратам со поинаков тон, бидејќи сум во недоумица за вас.