Зашто е напишано дека Авраам имаше двајца синови, еден од слугинката, а друг од слободната. Но оној што беше од слугинката, се роди по тело; а оној што беше од слободната – по ветување. А ова е речено сликовито: двете жени се двата завета: едниот од Синајската Гора, која раѓа за ропство; а тоа е Агара. Бидејќи Агара значи Синајска Гора во Арабија, а соодветствува на сегашниот Ерусалим и робува со децата свои; а горниот Ерусалим е слободен: тој е мајка на сите нас. Зашто е напишано: „Развесели се неплодна, ти што не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си искусила породилни маки; бидејќи напуштената има многу повеќе деца од онаа која има маж.“ Вие, пак, браќа, сте како Исак, чеда на ветувањето. Но, како што тогаш, оној што се роди по тело, го гонеше родениот по дух, така е и сега. А што зборува Писмото? „Истерај ја робинката и синот нејзин, зашто синот на робинката нема да биде наследник заедно со синот на слободната!“ И така, браќа ние не сме деца на робинката, туку на слободната.
Прочитај Галатјаните 4
Слушај Галатјаните 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Галатјаните 4:22-31
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа