Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 3:6-14

Галатјаните 3:6-14 MK2006

Така, Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност. Знајте, пак, дека оние што се потпираат на верата, се синови Авраамови. И Писмото, предвидувајќи дека Бог преку вера ги оправдува незнабошците, однапред му благовести на Авраам: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.“ И така, оние што веруваат, се бла­гословени заедно со верниот Авраам; а сите оние, што се од делата на За­конот, под клетва се. Зашто е на­пи­ша­но: „Проклет да е секој кој не исполнува постојано сѐ што е напишано во книгата на Законот!“ А дека преку Законот никој не се оправдува пред Бога, се знае, зашто „Праведниот ќе живее преку верата.“ А Законот не е од верата, туку збо­рува: „Кој ќе ги исполни овие работи, тој ќе биде жив преку нив.“ Христос нѐ откупи од проклетството на Законот, откако поради нас стана проклетство, бидејќи е напишано: „Секој да е проклет што виси на дрво!“, така што благословот даден на Авраам да дојде преку Исус Христос врз незнабошците, за да Го добиеме ве­тениот Дух преку верата.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Галатјаните 3:6-14