Па така, Законот противен ли е на Божјите ветувања? Никако! Зашто, ако беше даден закон, што ќе можеше да животвори, тогаш навистина оправданието ќе произлегуваше од Законот. Но Писмото сите ги затвори под грев, па преку верата во Исус Христос да им се даде ветеното на оние кои веруваат. Пред да дојде верата, ние бевме под стража на Законот, заклучени за верата која требаше да се открие. И така, Законот беше за нас воспитувач да нѐ доведе до Христос, за да бидеме оправдани преку верата; а откако дојде верата, ние веќе не сме под раководство на воспитувач. Зашто сите сте синови Божји преку верата во Христос Исус; сите, што сте крстени во Христос, во Христос се облековте. Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машко – женско; зашто сите вие сте едно во Христос Исус. А, ако сте, пак, вие Христови, тогаш сте Авраамово семе, и по ветување наследници.
Прочитај Галатјаните 3
Слушај Галатјаните 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Галатјаните 3:21-29
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа