Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 3:1-9

Галатјаните 3:1-9 MK2006

О неразумни Галатјани! Кој ве маѓепса (та не се покорувате на вистината) вас, пред чии очи Исус Христос беше јасно насликан распнат меѓу вас? Само ова сакам да го дознаам од вас: преку делата на Законот ли го добивте Духот или преку пораката на верата? Толку ли сте неразумни? Откако почнавте со Духот, со телото ли сега за­вршувате? Зарем залудо толку многу претрпевте? Да беше само залудо! Оној, пак, Кој ви Го дарува Духот и прави меѓу вас чудеса, преку делата на Законот ли го прави тоа, или преку по­раката на верата? Така, Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност. Знајте, пак, дека оние што се потпираат на верата, се синови Авраамови. И Писмото, предвидувајќи дека Бог преку вера ги оправдува незнабошците, однапред му благовести на Авраам: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.“ И така, оние што веруваат, се бла­гословени заедно со верниот Авраам