Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 3:1-9

Галатјаните 3:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

О неразумни Галатјани! Кој ве маѓепса (та не се покорувате на вистината) вас, пред чии очи Исус Христос беше јасно насликан распнат меѓу вас? Само ова сакам да го дознаам од вас: преку делата на Законот ли го добивте Духот или преку пораката на верата? Толку ли сте неразумни? Откако почнавте со Духот, со телото ли сега за­вршувате? Зарем залудо толку многу претрпевте? Да беше само залудо! Оној, пак, Кој ви Го дарува Духот и прави меѓу вас чудеса, преку делата на Законот ли го прави тоа, или преку по­раката на верата? Така, Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност. Знајте, пак, дека оние што се потпираат на верата, се синови Авраамови. И Писмото, предвидувајќи дека Бог преку вера ги оправдува незнабошците, однапред му благовести на Авраам: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.“ И така, оние што веруваат, се бла­гословени заедно со верниот Авраам

Галатјаните 3:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

О, неразумни Галати! Кој ве маѓепса!? Пред ваши очи имавте толку јасна претстава за Исус Христос распнат на крстот. Едно сакам да ми кажете: дали го примивте Светиот Дух преку придржување кон Мојсеевиот Закон, или така што ја слушнавте Радосната вест и поверувавте? Како можете да бидете толку неразумни!? Започнавте со духовното, а сега сакате да станете совршени преку телесното! Толку многу претрпевте, а попусто! Зарем попусто страдавте!? Дали Бог ви Го даде Светиот Дух и изврши силни дела меѓу вас поради тоа што го спроведувавте Мојсеевиот Закон или поради тоа што ја слушнавте Радосната вест и поверувавте? Така беше и со Авраам. Тој поверува и верата му се припиша како праведност. Треба да ви биде јасно дека оние што Му веруваат на Бог се вистинските потомци на Авраам. Светото Писмо претскажа дека Бог ќе ги прифати сите народи врз основа на нивната вера во вистинскиот Бог. Тоа беше во оној дел кога Бог на Авраам му ја објави Радосната вест, велејќи му: „Преку тебе ќе бидат благословени сите народи.“ Тоа значи дека секој што ќе поверува во Христос ќе биде благословен, исто како што Авраам беше благословен бидејќи Му поверува на Бог.

Галатјаните 3:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

О неразумни Галатјани! Кој ве маѓепса вас, пред чии очи Исус Христос е јасно нацртан како распнат? Сакам само ова да го научам од вас: дали Го примивте Духот врз основа на делата на Законот или преку слушањето со вера? Толку ли сте неразумни? Што почнувајќи со Духот, сега сами завршувате со тело? Дали толку многу страдавте напразно? Ако е навистина напразно! А Оној, Кој ви дава Дух и прави силни дела во вас, дали го прави тоа врз основа на делата на Законот или преку слушањето со вера? Како што и Авраам „му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.“ И така, признајте, дека Авраамови синови се оние, кои се од верата. А и Писмото предвиде, дека Бог преку верата ги оправдува народите, и однапред му го навести Евангелието на Авраама: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.“ И така, оние, кои веруваат се благословени заедно со верниот Авраам.