Ние сме родени како Јудејци, а не грешници од незнабошците. Но знаеме дека човекот не се оправдува преку делата на Законот, туку само преку верата во Христос Исус. Затоа и ние поверувавме во Исус Христос, за да се оправдаме преку верата во Христос, а не преку делата на Законот; зашто преку делата на Законот нема никој да се оправда. Ако, пак, барајќи да се оправдаме во Христос, и сами се најдовме грешници, не е ли тогаш Христос слуга на гревот? Тоа никако! Зашто, ако одново го градам она што сум го урнал, тогаш и сам станувам престапник; преку Законот умрев за Законот, за да живеам за Бога. Се распнав заедно со Христос; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и Себе се предаде за мене. Не ја отфрлам благодатта Божја; зашто ако праведноста се придобива преку Законот, тогаш Христос залудо умрел.
Прочитај Галатјаните 2
Слушај Галатјаните 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Галатјаните 2:15-21
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа