Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 1:6-12

Галатјаните 1:6-12 MK2006

Се чудам што така брзо се одвратувате од Оној Кој ве повика преку благодатта Христова, и преминувате кон дру­го Евангелие, зашто и нема друго Евангелие, но има такви кои ве бунат и сакаат да го изопачат Евангелието Христово. Но ако и ние самите, или пак ангел од небото ви проповеда нешто спротив­но од она што ви благовестевме ние, не­ка биде проклет! Како што рековме порано, и сега пак повторувам: оној што ви благовестува некое поинакво Евангелие од она што го примивте – нека биде проклет! Во луѓето ли сега барам благона­клонетост, или во Бога? Или, пак, на луѓето ли сакам да им угодувам? Ако бев сакал да им угодувам на луѓето, не­маше да бидам Христов слуга. Браќа, ве известувам дека Еван­ге­лието, кое јас Го проповедав, не е од лу­ѓе, зашто јас ниту сум го примил, ниту сум го научил од човек, туку преку от­кровение на Исус Христос.