Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 1:1-10

Галатјаните 1:1-10 MK2006

Павле, апостол, повикан не од луѓе, ниту преку човек, туку преку Исус Христос и Бог Отецот, Кој Го воскресна од мртвите, и сите браќа што се со мене – до црк­вите во Галатија; благодат и мир вам од нашиот Бог Отец и од Господ Исус Христос, Кој се даде Себе за нашите гревови, за да нѐ избави од сегашниот зол свет, по волјата на Бога, Кој е наш Отец. Нему нека Му е слава во вечни ве­ко­ви. Амин! Се чудам што така брзо се одвратувате од Оној Кој ве повика преку благодатта Христова, и преминувате кон дру­го Евангелие, зашто и нема друго Евангелие, но има такви кои ве бунат и сакаат да го изопачат Евангелието Христово. Но ако и ние самите, или пак ангел од небото ви проповеда нешто спротив­но од она што ви благовестевме ние, не­ка биде проклет! Како што рековме порано, и сега пак повторувам: оној што ви благовестува некое поинакво Евангелие од она што го примивте – нека биде проклет! Во луѓето ли сега барам благона­клонетост, или во Бога? Или, пак, на луѓето ли сакам да им угодувам? Ако бев сакал да им угодувам на луѓето, не­маше да бидам Христов слуга.