Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ездра 9:1-15

Ездра 9:1-15 MK2006

Откако се сврши тоа, началниците се приближија до мене и рекоа: „Народот Израелов и свеште­ниците и левитите не се одвоија од народите на другите племиња поради нивните гнасотии, од Хананците, Хитијците, Пери­зијците, Јевусијците, Амонците, Моав­ците, Египќаните и Аморејците, зашто зедоа нивни ќерки за себе и за синовите свои, светото семе се смеша со народи од туѓи племиња, а притоа раката на кнезовите и војво­дите беше прва во тоа беззаконие.“ Откако ги чув тие зборови, ја рас­кинав долната и горната своја облека, ги кубев косите на главата своја и на брадата своја и седев нажален. Тогаш се собраа кај мене сите што се уплашија од зборовите на Бог Из­раелов поради престапите на преселниците, и јас седев вџашен до принесувањето на вечерната жртва. А во време на вечерната жртва ста­нав од моето понизно место со раскината долна и горна облека, паднав на колена и ги кренав рацете кон Господ, мојот Бог, и реков: „Боже мој, срам ми е и страв ми е да го покажам моето лице кон Тебе, Боже мој, зашто беззаконијата ни надвиснаа над нашите глави, и вината ни нарасна до небото. Од дните на нашите предци до денес ние сме во голема вина, и поради нашите беззаконија бевме преда­дени ние, царевите наши, свештени­ците на­ши, – во рацете на цареви од туѓи земји, на меч, во пленство, на грабеж и навреди, како што е и сега. И ете, по малку време, ни се дарува милост од Господ, нашиот Бог, Кој остави кај нас спасение и ни даде да се закрепиме во Неговото свето место; ни ги просвети очите нашиот Бог и ни даде да здивнеме малку од ропството свое. Ние сме робови, но и во ропството нашиот Бог не нѐ остави. Тој ја при­веде кон нас милоста на персиските цареви за да ни дадат нов живот, да го подиг­неме домот на нашиот Бог, да го обно­виме од урнатините негови, и да ни да­дат сигурно засолниште во Јудеја и во Ерусалим. А сега што да кажеме, Боже наш, потоа? Зашто ние отстапивме од Твои­те заповеди што ни ги даде преку Твоите слу­ги, пророците, велејќи: ‚земјата, во која одите за да ја завладеете, е земја нечис­та; таа е извалкана од нечисто­тиите на народите од туѓи племиња, со нивни гнасотии, со кои ја наполнија открај докрај со своите нечистотии. Затоа не ги давајте ќерките свои за синовите нивни, и ќерките нивни не ги земајте за синовите свои, и не барајте го мирот нивни, ниту благата нивни довека, за да се закрепите и храните со најдобрите плодови на таа земја и да ја предадете во наследство на синовите свои довека.‘ И по сѐ што нѐ снајде поради лошите дела наши и поради големата вина наша и, – зашто Ти, Боже наш, нѐ поштеди не според беззаконието наше, туку ни даде такво избавување, – зарем пак ќе ги нарушуваме Твоите заповеди и ќе влегуваме во родство со тие одвратни народи? Не­ма ли да се разгневиш на нас сѐ додека нѐ не погубиш, па да нема живи и да нема спасени? Господи, Боже Израелов! Ти си праведен, зашто ние бевме нажалени до денес; и еве, ние сме во беззаконијата свои пред Твоето лице, макар што по сето тоа не би требало да стоиме пред Твоето лице.“