Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 6

6
Господ го осудува идолопоклонството
1И дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, сврти го лицето свое кон горите Израелови и пророкувај против нив, 3и кажи – планини израелски, чујте го словото на Господ Бог. Вака им вели Господ Бог на горите и на ридовите, на долините и на долиштата: ‚Еве, Јас ќе испратам меч врз вас, и ќе ги кутнам вашите идолски светилишта; 4#3 Мојс 26,30и жртвениците ќе ви бидат опустошени, и столбовите во чест на сонцето ќе бидат искршени, и вашите убиени ќе ги фрлам пред вашите идоли; 5ќе ги поставам труповите на сино­вите Израелови пред нивните идоли, и ќе ги расфрлам коските ваши околу ва­шите жртвеници. 6#Ер 10,14; Мих 1,7Насекаде, каде што живеете, градо­вите ќе ви бидат опустошени и идолски­те светилишта разурнати, за да бидат опустошени и уништени вашите жрт­веници, за да бидат разбиени и униш­тени вашите идоли и искршени вашите сончеви столбови, и да ги снема делата од вашите раце. 7Меѓу вас ќе има убиени, и ќе раз­берете дека Јас сум Господ. 8Но Јас ќе го запазам остатокот, така што меѓу народите ќе останат од вас што избегнале меч, кога ќе бидете ра­сеани по земјите. 9#3 Мојс 26,41; 5 Мојс 30,1-3И преживеаните ваши ќе се сетат за Мене меѓу народите каде што ќе бидат одведени во ропство, кога ќе им го скршам блудното срце, кое се одметна од Мене, и очите нивни, што блудствуваа меѓу идолите; тогаш тие ќе почув­ствуваат одвратност спрема себеси за злото што го вршеле во сите градови свои; 10и ќе разберат дека Јас сум Господ; и дека не залудо зборував дека врз нив ќе испратам таква беда.‘“ 11Вака вели Господ Бог: „Плесни со рацете свои, тропни со ногата своја – тешко за сите поради одвратните зло­дела на домот Израелов; ќе паднат тие од меч, глад и помор. 12#5,12Кој е далеку, ќе умре од помор, а кој е близу – ќе падне од меч; а оној што ќе остане и избегне, од глад ќе умре; така ќе заврши гневот Мој врз нив. 13#5 Мојс 12,2; Ер 2,20Ќе разберат дека Јас сум Господ, кога поразените ќе лежат меѓу своите идоли околу жртвениците нивни, на секој висок рид, на секој планински врв, под секое зелено дрво и под секој разгранет даб, таму каде што им принесуваа благопријатни кадења на своите идоли. 14И ќе ја протегнам врз нив раката Своја и ќе ја направам земјата пустина и степа од пустината на југ до градот Дивла на север, насекаде, каде што жи­веат, и ќе познаат дека Јас сум Господ.“

Селектирано:

Езекиел 6: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се