Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 47

47
Вода што истечува од храмот
1 # Ер 2,13; Јоил 4,18; Зах 13,1; 14,8; Откр 22,1 Потоа ме врати кај вратата на храмот, а ете, таму, под прагот на храмот течеше вода кон исток, би­дејќи храмот беше свртен кон исток, и водата течеше од под десната страна на храмот, јужно од жртвеникот. 2Ме изведе низ северната врата и однадвор ме поведе кон надворешната врата, по патот, свртен кон исток, каде што водата течеше од десната страна. 3Кога тој човек појде кон исток, во раката држеше јаже; тогаш тој измери илјада лакти и ме поведе преку водата; водата беше длабока до глуждовите. 4Потоа измери уште илјада лакти и пак ме преведе преку водата; водата беше длабока до колена. Измери уште илјада лакти и ме преведе преку водата: водата беше длабока до појасот. 5#Ис 11,9И пак измери уште илјада лакти, а таму веќе имаше река, преку која јас не можев да минам, бидејќи водата беше толку висока што требаше да пливам, зашто таа река не можеше да се прегази. 6Па ми рече: „Виде ли, сине човеч­ки?“ Потоа ме поведе назад кон брегот на реката. 7А кога се вратив назад, таму, пак, на бреговите од едната и од другата страна имаше многу дрвја. 8И ми рече: „Оваа вода тече кон источниот дел на земјата, се спушта во Арава и потоа ќе се влива во морето; и водите на реката ќе бидат здрави. 9#Јн 4,14; 7,37-38И секое живо суштество што ќе се движи таму, каде што се вливаат двете струи, ќе биде здраво; и риби ќе има таму многу, зашто таа вода ќе се влива таму; и водите на морето ќе станат здрави, и каде што ќе се влива таа река, таму сѐ ќе биде живо. 10#Мт 4,19; 13,47; Лк 5,5-6; Јн 21,6И до него ќе стојат рибари од Ен-Геди до Ен-Еглаим, ќе фрлаат мрежи. Ќе има секаков вид риба, како и во Големото Море, и ќе има многу, многу риба. 11Мочуриштата и барите негови, не­ма да станат здрави, тие ќе бидат оста­вени за сол. 12#Ер 17,8; Пс 1,3; Откр 22,2По бреговите на реката од едната и од другата страна ќе растат секакви дрвја, што ќе даваат храна; лисјата нив­ни нема да свенуваат и плодовите нивни нема да завршуваат; секој месец ќе зре­ат нови, зашто водата од светилиштето тече за нив; плодовите нивни ќе служат како храна, а лисјата нивни – за лек.“
Меѓите на земјата
13 # 4 Мојс 34,1-13 Вака вели Господ Бог: „Еве ја рас­пределбата, според која вие ќе треба да ја разделите земјата во наследство помеѓу дванаесетте Израелови колена – на Јосифовите два дела. 14Па наследете ја, како едниот, така и другиот; зашто Јас, кога ја кренав раката, се заколнав дека ќе им ја дадам на татковците ваши, и таа земја ќе ви биде наследство. 15А еве ја границата на земјата: од север, почнувајќи од Големото Море, преку Хетлон до Хамат, по патот за Цедад, 16Берот, Сивраим, што се наоѓа меѓу областа на Дамаск, и Хамат, Хацер-Ти­кон, кој се наоѓа на Хауранската граница. 17И границата од морето ќе биде до Хацар-Енан, границата со Дамаск и по­натаму на север сѐ до областа Хамат: тоа ќе биде северниот крај. 18Од источната страна повлечете црта меѓу Хауран и Дамаск, меѓу Га­лаад и земјата израелска, по реката Јордан сѐ до морето источно: тоа е ис­точната граница. 19А од јужната граница кон југ од Тамара до водата на Мерива во Кадис, сѐ по должината на потокот до Големо­то Море: тоа е јужната граница. 20Западната граница ќе биде Големо­то Море, од југ до местото спроти Емат: тоа е западната граница. 21Разделете си ја таа земја на делови според Израеловите колена. 22#Дела 11,18; 15,14; Ефес; 2,12-14; Кол 3,11А разделете ја со ждрепка како нас­ледство свое и наследство на придојдени, што живеат кај вас, и кои родиле деца кај вас, па и тие нека се сметаат како домородци, и да имаат дел од нас­ледството меѓу колената Израелови. 23Кај чие колено живее доселеник, кај него дајте му и негово наследство“, вели Господ Бог.

Селектирано:

Езекиел 47: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се