Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 43

43
Враќање на славата Божја во храмот
1И ме доведе пред вратата, пред онаа врата што е кон исток. 2#10,3-4.18-19; 11,22-23; Откр 1,15; 18,1; 21,11А таму, ете, славата на Израеловиот Бог доаѓаше од исток и гласот Негов беше како шум од многу води и земјата светна од славата Негова. 3Тоа видение беше исто, какво што видов порано, исто такво како што видов, кога одев да ја соопштам погибелта на градот; тие виденија беа слич­ни на виденијата што ги видов кај реката Кевар, и јас паднав ничкум. 4А славата Господова влезе во хра­мот низ вратата, свртена кон исток. 5#3,14Тогаш ме подигна духот и ме воведе во внатрешниот двор, а таму славата Господова беше го исполнила целиот храм. 6И јас чув некој што ми зборуваше од храмот, а оној човек стоеше до мене, 7и ми рече: „Сине човечки, ова е местото на Мојот престол и местото на стапките од Моите нозе, каде што ќе живеам вечно меѓу Израеловите сино­ви; и домот Израелов нема повеќе да го осквернува Моето свето име, ниту тие, ниту пак царевите нивни, со блуд и со труповите на своите цареви по нивните идолски светилишта. 8Тие го ставаа прагот свој до Мојот праг и довратниците на вратите свои до довратниците Мои, така што еден ѕид имаше меѓу Мене и нив, и го осквернуваа Моето свето име со гадотиите свои што ги вршеа, па затоа и ги сотрев во гневот Свој. 9А сега, откако тие ќе го оддалечат од Мене својот блуд и труповите на своите цареви, Јас ќе живеам вечно меѓу нив. 10Ти, пак, сине човечки, кажи му на домот Израелов за овој храм, нека се засрамат од своите гревови и да му ги измерат мерките. 11И ако се засрамат од сето она што го вршеле, покажи им го видот на хра­мот и местото негово, излезите негови и влезовите негови, сите негови украси и сите закони и напиши ги пред очите нивни, па да ги запомнат сите ликови негови и сите уредби негови и да пос­тапуваат според нив. 12Ете, тоа е законот на храмот: пространството негово на врвот од планината наоколу е Светињата над светињите; тоа е законот на храмот.“
Жртвеникот
13 # 2 Мојс 27,1-8 И еве ги размерите на жртвеникот, ако се смета во лактови, а лактот овде е лакот и дланка: основата лакот, ширината, пак лакот, а појасот по сите кра­ишта негови една педа; тоа е задната страна на жртвеникот. 14Од основата, која поаѓа од земјата до долниот појас два лакта, а широк е тој еден лакот; од малиот појас до големиот – четири лакти, а широк еден лакот. 15Жртвеникот е висок четири лакти; а од жртвеникот се издигаат угоре четири рога. 16Жртвеникот е долг дванаесет лакти и широк дванаесет лакти; четириаголен е од сите страни. 17А подножјето негово е четиринаесет лакти долго и четиринаесет лакти широко од сите четири страни, а околу појасот негов половина лакот, додека основата негова – по лакот наоколу, степениците до него се од исток.
Осветување на жртвеникот
18 # 2 Мојс 29,35-37 И ми рече тој – сине човечки, така вели Господ Бог: „Еве ги наредбите за жртвеникот, во оној ден кога ќе биде направен, за да се принесуваат врз него сепаленици и да се поросува врз него со крв. 19На свештениците од коленото Ле­виево, од племето на Садок, кои се приближуваат до Мене за да Ми служат, вели Господ Бог, дај им по едно јуне од говедата за жртва за грев. 20Па земи ја крвта од него и попрскај ги четирите негови рога и четирите агли на подножјето и појасот околу, и така ќе го очистиш и осветиш. 21Земи јунец како жртва за грев и изгори го на определеното место во Домот, надвор од светилиштето. 22А на другиот ден принеси жртва за грев од стадото кози, козел без недостаток, и нека го исчистат жртвеникот та­ка, како што го очистуваат со јунецот. 23Кога, пак, ќе го извршиш очистувањето, доведи од говедата и – јунец без недостаток, и од овчото стадо – овен без недостаток. 24И принеси ги пред лицето на Господ; свештениците, пак, нека фрлат врз нив сол и нека ги вознесат како сепаленица за Господ. 25Седум дена принесувај жртва за грев по еден козел дневно. Исто така да принесуваат жртва по јунец од стадото волови и по еден овен од стадото овци, без недостаток. 26Седум дена тие треба да го очистуваат жртвеникот и да го осветуваат, и да го полнат со рацете свои. 27Откако ќе се свршат тие дни, во осмиот ден, а и понатаму свештениците ќе ги принесуваат врз жртвеникот вашите сепаленици и благодарствени жртви; и Јас ќе бидам милостив кон вас, вели Господ Бог.“

Селектирано:

Езекиел 43: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се