Езекиел 37
37
Израеловото воскресение: долина со суви коски
1 #
1,3
И се спушти раката Господова врз мене и Господ ме изведе преку духот, ме постави среде полето – а тоа беше полно со коски, 2и ме проведе околу нив, а таму имаше многу, многу коски во полето и тие беа наполно суви. 3#Ис 26,19; Јн 5,29; Рим 4,17И ми рече: „Сине човечки, ќе оживеат ли овие коски?“ И реков: „Господи Боже, Ти го знаеш тоа.“ 4Па ми рече: „Изречи пророштво за тие коски и кажи им: ‚Коски суви, чујте го словото Господово!‘ 5Така им вели Господ Бог на оние коски – еве, Јас ќе внесам во вас дух и вие ќе оживеете. 6Ќе ви дадам жили, ќе направам на вас да израсне месо, ќе ве покријам со кожа и ќе вдахнам во вас дух, па ќе оживеете и ќе познаете дека Јас сум Господ.“ 7Јас го изреков ова пророштво како што ми беше заповедано, и кога пророкував, се чу шум, и, ете, движење, па почнаа коските да се зближуваат, секоја коска до својата коска. 8И видов, ете, имаше жили на нив, и месо израсна, кожа ги покри одозгора, но дух немаше во нив. 9#Откр 7,1Тогаш Тој ми рече: „Изречи пророштво за духот, изречи пророштво, сине човечки, и кажи му на духот, вака вели Господ Бог: ‚дојди од четирите ветра, духу, и дувни врз овие убиени и тие ќе оживеат.‘“ 10#1 Мојс 2,7; Пс 104,30; Рим 8,11; Откр 11,11; 20,4И јас го изреков ова пророштво како што ми заповеда Тој и влезе во нив дух – и тие оживеаја и се исправија на нозете свои – многу, многуброен народ. 11#Ис 49,14Тогаш Тој ми рече – сине човечки, овие коски се сиот дом Израелов. Ете, тие велат: „Се исушија нашите коски, и загина нашата надеж – ние сме истргнати од коренот.“ 12#Ос 13,14; Мт 27,52; Јн 5,28Затоа изречи пророштво и кажи им – вака вели Господ Бог: „Еве, Јас ќе ги отворам гробовите ваши и ќе ве изведам, народе Мој, од гробовите ваши и ќе ве воведам во земјата израелска. 13И ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе ги отворам гробовите ваши и ќе ве изведам, народе Мој, од гробовите ваши. 14Ќе вдахнам во вас од Мојот дух и ќе оживеете, ќе ве населам во вашата земја, па ќе познаете дека Јас, Господ, го реков тоа, и го извршив, вели Господ.“
Обединување на Јуда и Израел
15И дојде слово Господово до мене: 16„Ти, сине човечки, земи жезол и напиши на него: ‚на Јуда и на синовите Израелови, неговите сојузници‘, и пак земи друг жезол и напиши на него: ‚на Јосиф‘. Тоа е жезолот на Ефрем и на сиот Израелов дом, негов сојузник. 17И соедини ги во себе еден со друг во еден жезол, така што во раката да бидат едно. 18А кога те прашаат синовите на твојот народ: ‚нема ли да ни објасниш, што значи тоа?‘ 19#Ефес; 2,13-14тогаш речи им – така вели Господ Бог: ‚Еве, Јас ќе го земам Јосифовиот жезол, кој е во раката на Ефрем и на неговите сојузници, Израеловите колена, и ќе го додадам кон него, кон жезолот на Јуда, и ќе ги направам еден жезол, и тие ќе бидат едно во Мојата рака.‘ 20Кога, пак, двата жезла, на кои ќе напишеш, ќе бидат во твојата рака пред очите нивни, 21тогаш кажи им – вака вели Господ Бог: ‚Еве, Јас ќе ги земам синовите Израелови меѓу народите, помеѓу оние, кај кои се наоѓаат, ќе ги соберам сите и ќе ги доведам во нивната земја. 22#Ис 11,13Во таа земја по планините израелски Јас ќе ги направам еден народ и еден цар ќе биде цар над сите нив и нема да има повеќе два народа, и нема повеќе да се делат на две царства. 23#Тит 2,14И нема веќе да се осквернуваат со своите идоли, со своите гадотии и со разни свои пороци; ќе ги извлечам од сите нивни живеалишта, каде што грешеле, и ќе ги очистам, – и ќе бидат Мој народ и Јас ќе бидам нивни Бог. 24#34,24; Ер 23,5; Јн 10,16; Евр 13,20А слугата Мој Давид ќе биде Цар над нив и Пастир на сите нив; тие ќе одат по Моите заповеди и уредбите Мои ќе ги пазат, и ќе ги исполнуваат. 25#Јн 12,34Тие ќе живеат во земјата, која му ја дадов на Мојот слуга Јаков, во која живееја предците нивни; таму ќе живеат вечно, тие и децата нивни и внуците нивни; а Мојот слуга Давид ќе биде кнез кај нив засекогаш. 26Ќе склучам со нив завет за мир, вечен ќе биде заветот со нив. И ќе ги средам, ќе ги размножам и ќе го поставам меѓу нив Моето светилиште засекогаш. 27#Јн 1,14; 14,23; 2 Кор 6,16; Откр 21,3И кај нив ќе биде Моето живеалиште, па ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ. 28#2 Мојс 31,13; 3 Мојс 20,8И ќе познаат народите дека Јас сум Господ, Кој го осветува Израел, кога Моето светилиште ќе биде помеѓу нив засекогаш.‘“
Селектирано:
Езекиел 37: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006