Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 36:25-36

Езекиел 36:25-36 MK2006

Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе се очистите од сите ваши осквернувања, и од сите ваши идоли ќе ве очистам. Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо. Ќе го внесам во вас Мојот дух и ќе направам да одите по заповедите Мои и да ги пазите и да ги исполнувате наредбите Мои. И ќе живеете во земјата, што им ја дадов на предците ваши, и ќе бидете Мој народ и Јас ќе бидам ваш Бог. Ќе ве ослободам од сите ваши не­чистотии, ќе го повикам житото и ќе го умножам и нема да ве оставам да тр­пите глад. Ќе ги умножам плодовите по дрвјата и полските производи, па во иднина да не трпите срам од народите поради глад. Тогаш ќе се сетите за своите лоши патишта и за своите лоши дела, па ќе почувствувате одвратност од самите себе за гревовите свои и за лошите престапи. Тоа ќе го направам, не заради вас, вели Господ Бог, туку да ви биде јасно – црвенејте и срамувајте се од вашите патишта, доме Израелов.“ Така вели Господ Бог: „Во оној ден, кога ќе ве очистам од сите ваши беззаконија, и ќе ве населам во градовите и ќе бидат обновени урнатините; и опустошената земја што беше пустина во очите на секој минувач, ќе биде обработена, тогаш ќе речат: ‚оваа запустена земја стана како Едемската градина и запустените и разорени градови се за­цврстија и населија.‘ Па ќе познаат народите што ќе останат околу вас дека Јас, Господ, од­ново изградувам разрушено, засадувам запустено. Јас Господ го реков тоа и го извршив.“