Езекиел 31
31
Египет спореден со кедрово дрво
1 #
Дан 4
Во единаесеттата година, третиот месец, на првиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, кажи му на фараонот, египетскиот цар, и на народот негов – со кого се споредуваш ти во твоето величие? 3Ете, Ашур беше кедар леванонски со убави гранки, искитен и висок; врвот негов – меѓу густи облаци. 4Водите го хранеа да расте, бездната го издигаше, реките нејзини го опкружуваа неговиот корен и ги ширеа потоците свои кон сите полски дрвја. 5Затоа височината негова ги надминуваше висините на сите полски дрвја; на него имаше многу гранки; ветките му се умножуваа и гранките стануваа долги од многу вода кога растеше. 6#Мт 13,32Во неговите гранки секакви небески птици си правеа гнезда, а под гранчињата негови се раѓаа мали од секаков вид полски ѕверови, додека под сенката негова живееја многубројни народи. 7Тој се разубавуваше со својот висок раст, со долгите гранки, затоа што коренот му се наоѓаше покрај големи води. 8#1 Мојс 2,8-9Ни кедрите во Божјата градина не му беа рамни; кипарисите не се изедначуваа со неговите гранки, и јаворите не беа толку високи колку неговите врвови; ниедно дрво во Божјата градина не можеше да се споредува со него по убавината своја. 9Јас го украсив со многуте гранки, така што сите едемски дрвја во Божјата градина му завидуваа.“ 10Затоа, така вели Господ Бог: „Бидејќи израсна висок и се издигна врвот негов меѓу дебелите гранки, и срцето му се возгордеа од неговата големина, 11затоа јас го предадов во рацете на најмоќниот меѓу народите; тој постапи со него како што требаше да постапи; но поради неговото беззаконие Јас го отфрлив. 12И го исекоа туѓинците, најлути меѓу народите, па го соборија; гранките негови паѓаа по горите и по сите долини, се кршеа неговите гранчиња по сите полиња, а од неговата сенка избегаа сите народи од земјата и го оставија. 13На неговото паднато стебло се сместија многу небески птици, а меѓу гранките – секакви полски животни. 14#Мт 11,23Тоа сѐ стана, за да не се гордеат со својот висок раст никакви дрвја покрај водите, да не ги издигаат врвовите свои до густите облаци и да не се допираат до него со нивната височина дрвја што пијат многу вода; зашто сите тие ќе бидат предадени на смрт, во подземниот свет заедно со синовите човечки, што порано слегнале во гроб.“ 15#32,7Вака вели Господ Бог: „Во оној ден, кога тој слезе во гроб, Јас направив да жалат за него, ја затворив бездната поради него и ги запрев реките нејзини, ги задржав големите води и го нажалив за него Ливан, и сите полски дрвја тагуваа по него. 16Се затресоа од неговото паѓање. Јас ги доведов народите во трепет, кога го кутнаа во пеколот, при оние што порано слегнале во гроб, и се зарадуваа во адот сите дрвја едемски, одбраните и најдобрите на Ливан, сите што пијат вода; 17зашто и тие слегоа со него во бездната при убиените со меч, како и неговите сојузници што живееја под сенката негова меѓу народите. 18Па така со кое ли од едемските дрвја се споредуваш ти по слава и величина? Но, сега заедно со едемските дрвја и ти ќе бидеш соборен во бездната, ќе лежиш со необрезаните, меѓу убиени од меч. Тоа е фараонот и сиот негов многуброен народ“, вели Господ Бог.
Селектирано:
Езекиел 31: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006