Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 31

31
Египет спореден со кедрово дрво
1 # Дан 4 Во единаесеттата година, третиот месец, на првиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, кажи му на фарао­нот, египетскиот цар, и на народот негов – со кого се споредуваш ти во твоето величие? 3Ете, Ашур беше кедар леванонски со убави гранки, искитен и висок; врвот негов – меѓу густи облаци. 4Водите го хранеа да расте, бездната го издигаше, реките нејзини го опкру­жуваа неговиот корен и ги ширеа пото­ците свои кон сите полски дрвја. 5Затоа височината негова ги надми­нуваше висините на сите полски дрвја; на него имаше многу гранки; ветките му се умножуваа и гранките стануваа дол­ги од многу вода кога растеше. 6#Мт 13,32Во неговите гранки секакви небески птици си правеа гнезда, а под гранчи­њата негови се раѓаа мали од секаков вид полски ѕверови, додека под сенката негова живееја многубројни народи. 7Тој се разубавуваше со својот висок раст, со долгите гранки, затоа што коренот му се наоѓаше покрај големи води. 8#1 Мојс 2,8-9Ни кедрите во Божјата градина не му беа рамни; кипарисите не се изедначуваа со неговите гранки, и јаворите не беа толку високи колку неговите врвови; ниедно дрво во Божјата градина не можеше да се споредува со него по убавината своја. 9Јас го украсив со многуте гранки, така што сите едемски дрвја во Божјата градина му завидуваа.“ 10Затоа, така вели Господ Бог: „Би­дејќи израсна висок и се издигна врвот негов меѓу дебелите гранки, и срцето му се возгордеа од неговата големина, 11затоа јас го предадов во рацете на најмоќниот меѓу народите; тој постапи со него како што требаше да постапи; но поради неговото беззаконие Јас го отфрлив. 12И го исекоа туѓинците, најлути ме­ѓу народите, па го соборија; гранките негови паѓаа по горите и по сите долини, се кршеа неговите гранчиња по сите полиња, а од неговата сенка избегаа сите народи од земјата и го оставија. 13На неговото паднато стебло се сместија многу небески птици, а меѓу гранките – секакви полски животни. 14#Мт 11,23Тоа сѐ стана, за да не се гордеат со својот висок раст никакви дрвја покрај водите, да не ги издигаат врвовите свои до густите облаци и да не се допираат до него со нивната височина дрвја што пијат многу вода; зашто сите тие ќе бидат предадени на смрт, во подземниот свет заедно со синовите човечки, што порано слегнале во гроб.“ 15#32,7Вака вели Господ Бог: „Во оној ден, кога тој слезе во гроб, Јас направив да жалат за него, ја затворив бездната по­ради него и ги запрев реките нејзини, ги задржав големите води и го нажалив за него Ливан, и сите полски дрвја тагуваа по него. 16Се затресоа од неговото паѓање. Јас ги доведов народите во трепет, кога го кутнаа во пеколот, при оние што порано слегнале во гроб, и се зарадуваа во адот сите дрвја едемски, одбраните и најдобрите на Ливан, сите што пијат вода; 17зашто и тие слегоа со него во без­дната при убиените со меч, како и него­вите сојузници што живееја под сенката негова меѓу народите. 18Па така со кое ли од едемските дрв­ја се споредуваш ти по слава и величи­на? Но, сега заедно со едемските дрвја и ти ќе бидеш соборен во бездната, ќе лежиш со необрезаните, меѓу убиени од меч. Тоа е фараонот и сиот негов мно­губроен народ“, вели Господ Бог.

Селектирано:

Езекиел 31: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се