Езекиел 26
26
Пророкување за разорување на градот Тир
1 #
Ис 23,1-18; Јоил 4,4-8; Амос; 1,9-10; Зах 9,1-4 Во единаесеттата година, во првиот ден од првиот месец, дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, поради тоа што Тир ликуваше над Ерусалим: ‚о, о‘, се скрши вратата на народите, и тие се свртеа кон Мене; ќе се збогатам – тој е опустошен. 3Така вели Господ Бог, еве, Јас сум против тебе, граде Тире, и ќе кренам против тебе многу народи како морето што ги крева брановите свои. 4#Ис 2,15И ќе ги разбијат ѕидовите на Тир и ќе ги разрушат кулите негови; и ќе го изметам правот негов и ќе го направам гол камен. 5Ќе биде место за простирање мрежи во морето; зашто Јас го реков тоа, вели Господ Бог, и ќе биде разграбен од народите. 6А ќерките негови, што се во земјата, ќе бидат со меч убиени и ќе познаат дека Јас сум Господ.“ 7Зашто така вели Господ Бог: „Еве, против Тир ќе го доведам од север Навуходоносор, вавилонскиот цар, царот над царевите, со коњи и со коли, со коњаница и со војска и со многуброен народ. 8Тој со меч ќе ги убие ќерките твои во земјата, ќе подигне против тебе опсадни кули, ќе направи опкоп против тебе и ќе постави штитови против тебе. 9Ќе донесе машини за разбивање ѕидови до самите ѕидови и ќе ги разруши кулите твои со секири. 10Од многуте негови коњи прав ќе те покрие, од шумот на јавачите, на тркалата и на колите ќе се затресат ѕидовите твои, кога ќе влезе во портите твои, како што се влегува во разбиен град. 11Со копитата на коњите свои ќе ги изгази твоите улици, народот твој со меч ќе го убие и спомениците на твојата сила на земјата ќе ги соборува. 12И ќе го разграбат твоето богатство, ќе ја пленат твојата стока, ќе ги разрушат твоите ѕидови, ќе ги урнат твоите убави домови, твоите камења и твоите дрвја и земјата твоја ќе ја фрлат во вода. 13#Ис 24,8-9; Откр 18,22И ќе престане гласот од твоите песни и звукот од твоите харфи нема повеќе да се слуша; 14и ќе те направам гол камен, ќе станеш место за простирање мрежи; нема да бидеш одново изграден, зашто Јас, Господ, го реков тоа“, вели Господ Бог. 15#Откр 6,14Така вели Господ Бог кон Тир: „Од потресот на твоето паѓање, од офкањето на ранетите, кога ќе се извршува над тебе убивањето, нема ли да затреперат островите? 16#Откр; 18,9-10И ќе слезат од престолите свои сите кнезови на морето, ќе ги соблечат од себе своите наметки, ќе ги симнат од себе своите везени облеки, ќе се облечат во трепет, ќе седнат на земја и секоја минута ќе треперат и ќе се чудат заради тебе. 17И ќе почнат да плачат за тебе и ќе ти речат: ‚Како пропадна, славни граде, во кој живеат поморци, народ силен по морето, ти и жителите твои кои влеваа страв на сите оние, што живееја покрај тебе!‘ 18Сега, во денот на твоето паѓање, затреперија островите, островите морски се исплашија од твојата погибел. 19#2 Мојс 15,19Зашто така вели Господ Бог: кога ќе те направам запустен град, како ненаселените градови, кога ќе ја подигнам против тебе бездната и ќе те покријат големи води, 20тогаш ќе те соборам со оние, што слегуваат во гроб, кај оние што порано постоеле, и ќе те ставам во долната земја, во вечната пустина, со спуштените во гроб, за да не бидеш веќе населен; и ќе ја објавам славата во земјата на живите. 21#Откр 18,21За ужас ќе те направам, и нема да те има; ќе те бараат, но повеќе нема да те најдат никогаш“, вели Господ Бог.
Селектирано:
Езекиел 26: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006