Езекиел 25
25
Пророкување за пропаста на синовите Амонови
1 #
21,33-37; Ер 49,1-6; Амос 1,13-15; Соф 2,8-11 И дојде слово Господово до мене: 2#Откр 10,11„Сине човечки, сврти го лицето свое кон синовите Амонови и кажи пророштво против нив, 3и речи им на синовите Амонови: Чујте го словото на Господ Бог: така вели Господ Бог – бидејќи за Моето светилиште се вели: ‚о, о,‘ а тоа е навреда и за израелската земја, зашто таа е опустошена, и за домот Јудин, бидејќи тие отидоа во ропство. 4Затоа, еве, Јас ќе те дадам во наследство на синовите од Исток и ќе направат кај тебе колиби, ќе распнат кај тебе шатори и ќе ги јадат плодовите твои и ќе го пијат млекото твое. 5Рава ќе ја направам обор за камили, и синовите Амонови – овчари, па ќе познаете дека Јас сум Господ.“ 6Затоа вака вели Господ Бог: „Бидејќи ти плесна со рацете и тропна со ногата, со сиот презир кон земјата израелска, душевно се зарадува, 7еве, Јас, ќе ја протегнам раката Своја против тебе и ќе те предадам да те разграбаат народите, и ќе те истребам од бројот на народите и ќе те избришам од бројот на земјите; ќе те уништам и ќе познаеш дека Јас сум Господ.“
Пророштво против Моав
8 #
Ис 15–16; 25,10-12; Ер 48; Амос 2,1-3; Соф 2,8-15 Така вели Господ Бог: „Бидејќи Моав и Сеир велат: ете и домот Јудин е како сите народи. 9Еве, Јас ќе ја откријам земјата моавска од крај до крај, за да остане без градовите што им беа украс на земјата: Бет-Јешимот, Ваал-Меон и Кирјатаим, 10на синовите од Исток и ќе им го дадам во наследство заедно со синовите Амонови, та синовите Амонови да не се спомнуваат повеќе меѓу народите. 11И Моав ќе го судам, па ќе познаат дека Јас сум Господ.“
Пророштво против Едом
12 #
35,1-15; Ис 34,5-17; Ер 49,7-22; Амос; 1,11-12; Авд 1,1-14; Мал 1,2-5 Така вели Господ Бог: Бидејќи Едом жестоко му се одмаздуваше на домот Јудин и тешко згреши, со тоа што им се одмаздуваше, 13вака вели Господ Бог: „Ќе ја протегнам раката против Едом и ќе ги истребам во него луѓето и добитокот и ќе го направам пустина. Од Теман до Дедан, сите ќе паднат од меч. 14И ќе му се одмаздам на Едом преку раката на Мојот народ Израел; и тие ќе дејствуваат во Едом по Мојот гнев и Мојата јарост, па ќе го познаат Моето одмаздување“, вели Господ Бог.
Пророштво против Филистеја
15 #
Ис 14,29-31; Ер 47,1-7; Јоил 4,4-8; Амос 1,6-8; Соф 2,4-7; Зах 9,5-7 Така вели Господ Бог: „Затоа што Филистејците постапија со одмазда и се одмаздуваа со презир во душата за погибел, со вечна омраза, 16така вели Господ Бог – еве, ќе ја протегнам раката Своја над Филистејците, ќе ги истребам оние од Крит и ќе го уништам нивниот остаток покрај морскиот брег; 17и ќе извршам над нив голема одмазда со жестоки казни; па ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе го извршам над нив Моето одмаздување.“
Селектирано:
Езекиел 25: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006