Езекиел 15
15
Некорисно лозово дрво
1 #
Ис 5,1; Ер 2,21; Ос 10,1; Пс 80 И дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, какво предимство има дрвото од лоза пред секое друго дрво, и прачките од лозата пред гранките од дрвјата во гората? 3Зар се зема од него парче за некаква изработка? Земаат ли од него барем некаков клин, за да закачат на него некоја работа? 4#19,14; Јн 15,6Ете, го фрлаат во оган за да изгори; двата краја огнот му ги подгорува, па му ја изгорува и средината; може ли да стане од него нешто за некаква изработка? 5И кога би било цело, не станува збор за некаква изработка; а уште помалку, кога огнот ќе го подгори и го обгори, па ќе биде ли тоа за некаква изработка? 6Затоа, вака вели Господ Бог: – како што дрвото од лоза меѓу горските дрвја го предадов на оган за да изгори, така нему ќе му ги предадам и ерусалимските жители. 7#6,7; 7,4; 14,8; Ис 24,18И ќе го свртам лицето Свое против нив, од еден оган ќе излезат и друг оган ќе ги проголта, па ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе го свртам лицето Свое против нив. 8И ќе ја направам таа земја пустина, затоа што постапија неверно“, вели Господ Бог.
Селектирано:
Езекиел 15: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006