Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 14

14
Божјиот Суд над идолопоклонството
1 # 20,1-4 И дојдоа кај мене неколкумина израелски старешини, па седнаа пред мене. 2И дојде слово Господово до мене: 3„Сине човечки, овие луѓе дозволија своите идоли да си ги стават во срцата свои, се соблазнија со своето бесчестие: можам ли да им одговорам? 4Затоа зборувај со нив и кажи им – вака вели Господ Бог: Ако некој од домот израелски дозволи во срцето свое да има идоли и така со тоа да го со­блазнува своето бесчестие, па дојде кај пророк, – па зар Јас, Господ, можам ли, при толку многу идоли, да му дадам одговор? 5Домот израелски нека разбере во срцето свое дека сите со своите идоли станаа туѓи за Мене. 6Затоа кажи му на домот израелски – вака вели Господ Бог: Обратете се и откажете се од вашите идоли и од сите ваши гадотии одвратете го лицето свое. 7Зашто, ако некој од домот израелски и од придојдените кои живеат во Израел, се откаже од Мене и допушти во срцето свое да има идоли и со тоа пред лицето свое бесчести, па дојде при пророк за да ме праша преку него, – па зар Јас, Господ, треба ли да му дадам одговор од Себе? 8#Пс 34,16Јас ќе го свртам лицето Свое против тој човек и ќе го поразам како знак и приказ и ќе го истребам од мојот народ, и ќе познаете дека Јас сум Господ. 9#13,9; 1 Цар 22,23Ако, пак, пророкот дозволи да се измами и каже збор така како Јас, Гос­под, да сум го научил тој пророк, тогаш Јас ќе ја протегнам раката Своја против него и ќе го истребам од народот мој, од Израел. 10И тие обајцата ќе ја понесат вината за беззаконието: каква ќе биде вината на оној што прашува, таква ќе биде вината и на лажниот пророк, 11#11,20та во иднина домот израелски да не се отклонува од Мене и да не се осквернува веќе себеси со секакви свои беззаконија, туку да биде Мој народ и Јас да бидам нивни Бог“, – вели Господ Бог.
Ное, Даниел и Јов
12 # 33,10-20 И дојде слово Господово до мене: 13„Сине човечки, кога некоја земја ќе згрешеше пред Мене, вероломно отста­пувајќи од Мене, и Јас ја протегав врз неа раката Своја, ја уништував во неа лебната потпора, праќав врз неа глад и почнував по неа да ги погубувам луѓето и добитокот, 14#Евр 11,7па, ако се најдеа во неа тројца ма­жи: Ное, Даниел и Јов, тие со својата праведност ќе можеа да ги спасат само своите души, вели Господ Бог. 15Или, ако пратев врз таа земја лути ѕверови што би ја опустошиле, и таа по­ради ѕверовите стане пуста и непроодна, 16тоа тројцата тие мажи во неа да се – жив сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките, а само тие би се спасиле, земјата пак би оста­нала пуста. 17Или, ако пратев врз таа земја меч и му речев: ‚мечу, мини преку земјата!‘, и тој почнеше да истребува по неа луѓе и добиток, 18тоа само тие тројца мажи среде неа – жив сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките, а би се спасиле само тие. 19Или, да бев пратил врз таа земја помор и да бев ја излеал врз неа јароста Своја во крвопролевање, за да истребувам во неа луѓе и добиток, 20тоа Ное, Даниел и Јов среде неа – жив сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките; со својата праведност тие би ги спасиле само своите души.“ 21#Откр 6,8Зашто така вели Господ Бог: „Ако и четирите мои тешки казни – мечот и гладот, лутите ѕверови и поморот – би ги пратил врз Ерусалим за да истребуваат во него луѓе и добиток, 22и тогаш ќе остане во него само остатокот на синовите и ќерките, што нема да бидат изведени оттаму; ете, тие ќе дојдат кај вас и вие ќе го видите поведението нивно и делата нивни, па ќе се утешите за сето зло, што го пратив врз Ерусалим, за сѐ што пратив врз него. 23Тие ќе ве утешат, кога ќе го видите нивното поведение и делата нивни; и ќе познаете дека не залудо Јас го извршив сето тоа, што го извршив во него“, вели Господ Бог.

Селектирано:

Езекиел 14: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се