Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез Вовед

Вовед
„Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата египетска, од домот на ропството.“ Овој централен стих од книгата Излез (20,2), ја открива смислата на насловот на втората библиска книга, а упатува и на нејзината содржина: Бог е избавител на Својот народ. Истовремено овој стих претставува основа на Десетте Божји заповеди. Бог Кој од љубов ги спаси Израелците, им нуди можност и тие да ја покажат нивната љубов кон Него, придржувајќи се кон Неговите заповеди.
Израелците, кои во минатото најдоа спас во Египет (1 Мојс 45,17-20; 47,11), со текот на времето станаа многуброен народ, но и робови на египетските фараони. Бог меѓутоа, не останува рамнодушен кон страдањата на Израелците; Тој избира еден меѓу нив, Мојсеј, за да им биде водач и преку број­ни казни и чуда ги принудува Египќаните да го ослободат израелскиот народ и да го остават непречено да ја напушти земјата (1,1–15,21). Потоа Бог ги води и им помага на Израелците за време на целото патување низ Синајската Пустина (15,22–18,27). Тој прави од Израел Свој народ, склучувајќи со него сојуз на планината Синај и соопштувајќи му ги истовремено Божјите заповеди (19,1–24,18). Мојсеј ги добива неопходните упатства за градбата на скинијата (25–31). Народот на Израел запаѓа во идолопоклонство, правејќи си божество во вид на златно теле, по што следува острата Божја интервенција (32–34). Книгата завршува со расказот за градбата на скинијата, во која се манифес­тира постојаното Божјо присуство (35–40).
Во името на жртвите од сите видови ропство, во сите времиња, оваа книга покажува што претставува вистинската слобода: тоа е слободата што ја дава Самиот Бог, за да му овозможи на човекот да биде во општење со Него и со другите луѓе.

Селектирано:

Излез Вовед: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се