Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 4

4
Бог му ја открива Својата моќ на Мојсеј
1 # 3,18 Тогаш Мојсеј одговори и рече: „А ако не ми поверуваат и не го послушаат гласот мој, туку ми речат – ‚Не ти се јавил Господ?‘“ 2#4,17.20; 7,19; 8,1.12; 14,16.21; 17,5-6.9; 4 Мојс 20,8; Суд 6,21А Господ му рече: „Што ти е тоа во раката?“ А тој одговори: „Стап.“ 3#7,8-12И му рече: „Фрли го на земја!“ И го фрли на земја, а тој стана змија. И Мојсеј избега од неа. 4А Господ му рече на Мојсеј: „Испружи ја раката своја, па фати ја за опашката.“ И ја испружи раката и ја фати, и пак стана стап во раката негова. 5#3,6; 4,31; 14,31; 19,9„Така ќе поверуваат дека ти се јавил Господ, Бог на татковците нивни, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.“ 6#3 Мојс 13,2.11; 4 Мојс 12,10; 2 Цар 5,1.27; 2 Лет 26,21И пак му рече Господ: „Стави ја сега раката своја во пазувата своја!“ И тој ја стави раката своја во пазувата своја; а кога ја извади, а тоа раката му побелела од лепра, како снег. 7#2 Цар 5,14; Мт 8,3; Лк 17,12-14И му рече: „Стави ја пак раката сво­ја во пазувата своја!“ И пак ја стави раката своја во пазувата своја; а кога ја извади од пазувата, таа пак станала, како што му беше целото тело негово. 8#4,30; Суд 6,17; 1 Цар 13,3; Ис 7,14; Ер 44,29„Па, ако не ти поверуваат и не го послушаат гласот твој при првиот знак, ќе ти поверуваат при вториот знак. 9#7,17-21А ако не поверуваат ни на двата знака и не го послушаат гласот твој, а ти тогаш земи вода од реката, и истури ја на копното; и водата, земена од реката, ќе се претвори во крв на земјата.“
Бог го определува Арон за помошник на Мојсеј
10 # Ер 1,6-10 А Мојсеј Му рече на Господ: „О, Господи, Те молам, не сум доброречив човек; ни порано сум бил, ниту вчера, ни завчера, па ни сега, откако проговори Ти со слугата Твој; јас тешко зборувам и тепкам.“ 11#Пс 94,9; 146,8; Мт 11,5; Лк 1,20.64; Јн 10,21А Господ рече: „Кој му дал уста на човекот? Кој го прави нем, или глув, да гледа, или да е слеп? Зар не сум тоа Јас, Господ? 12#3,10; 4,15-16; 4 Мојс 23,5; 5 Мојс 18,18; Ис 50,4; 51,16; Ер 1,9; Мт 10,19-20; Мк 13,11; Лк 12,12Па сега, оди, и Јас ќе ти ја отворам устата, и ќе те научам, што да зборуваш.“ 13#Ис 6,8; Јона 1,1-3Но тој пак рече: „Те молам, Гос­по­ди, избери друг, што ќе го испратиш.“ 14#4,27; 7,1; 4 Мојс 12,9; 22,22И се разгневи Господ на Мојсеј, и рече: „Нели ти е брат Арон левитот? Знам дека е способен да зборува; и еве тој ќе те сретне, и, кога ќе те види, ќе се зарадува во срцето свое. 15#4,30; 7,1-2; 4 Мојс 23,5.12.16; 5 Мојс 18,18; Ис 51,16; 59,21; Ер 1,9Нему ќе му говориш и ќе ги ставаш зборовите во устата негова; а Јас ќе бидам со устата твоја и со устата негова и ќе ви покажам што да правите. 16#7,1-2; Ер 15,19И тој место тебе ќе му зборува на народот; и така тој ќе ти биде тебе уста, а ти ќе му бидеш нему место Бога. 17#4,2.20; 7,9-21; 8,1.12; 17,5.9А тој стап што беше претворен во змија, земи го во својата рака. Со него ќе правиш чуда.“
Мојсеј се враќа кај својот народ
18Тогаш отиде Мојсеј и се врати кај својот тест Јотор и му рече: „Ќе појдам и ќе се вратам кај браќата мои во Египет, да видам дали се уште живи.“ Јотор му рече на Мојсеј: „Оди со здравје!“ 19#2,15.23; Мт 2,20И Господ му рече на Мојсеј во Мидјан: „Оди, врати се во Египет, заш­то изумреа сите, што ја бараа душата твоја.“ 20#2,22; 4,2.17; 18,3; Дела 7,29Тогаш ја зеде Мојсеј жената своја и синовите свои, и ги качи на магариња, и замина за Египет. А стапот Божји го зеде Мојсеј во раката своја. 21#3,19.20; 7,3.13; 8,15.28; 9,1.17; 12,35; 10,27; 11,10; 14,4.8; 5 Мојс 2,30; Ис.Н. 11,20; 1 Сам 6,6; Ис 6,10; 63,17; Јн 12,40; Рим 9,18И му рече Господ на Мојсеј: „Кога ќе отидеш и се вратиш во Египет, гле­дај да ги направиш пред фараонот сите чуда, за кои ти дадов моќ во рацете твои. А Јас, пак, ќе го ожесточам срцето негово, да не го пушти народот. 22#5 Мојс 1,31; 14,1; 32,6; Ис 63,16; Ер 3,19; 31,9; Ос 11,1; Мал 2,10; Рим 9,4; 2 Кор 6,18А ти кажи му на фараонот: Вака вели Господ: Израел е Мојот првороден син. 23#3,18; 5,1; 7,16; 11,5; 12,12.29; 4 Мојс 8,17; 33,4; Пс 78,51; 105,36; 135,8; 136,10Јас ти велам: пушти го синот Мој да Ми служи. Ако не го пуштиш, Јас ќе го убијам твојот првороден син.“ 24#4 Мојс 22,22И кога патем ноќеваше, го сретна Господ и сакаше да го убие. 25#2,21; 1 Мојс 17,14; Ис.Н. 5,2-3Тогаш Ципора зеде остар камен, и ја обреза крајната плот на својот син, и фрлајќи ја пред нозете негови, рече: „Ти си мојот крвав младоженец.“ 26#1 Мојс 17,10Тогаш Тој отиде од него; а таа рече: „Поради обрезанието си крвав мла­доженец.“ 27#3,1; 1 Мојс 29,13А Господ му рече на Арон: „Излези во пустината и оди да го сретнеш Мојсеј!“ И тој отиде и го сретна на планината Божја, и го бакна. 28#4,16Мојсеј, пак, му ги кажа на Арон сите зборови Господови: Кој го испрати, и сите чуда, што му заповеда да ги изврши. 29#3,16И отидоа Мојсеј и Арон и ги собраа сите старешини на синовите израелски. 30#4,2-9А Арон ги кажа сите зборови, што му ги беше кажал Господ на Мојсеј, а Мојсеј ги изврши сите чуда пред очите на народот. 31#2,25; 3,18; 14,31Народот поверува. И откако слуш­наа дека Господ ги посетил синовите израелски и погледнал на маката нивна, паднаа на колена и се поклонија.

Селектирано:

Излез 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се