А Мојсеј Му рече на Господ: „О, Господи, Те молам, не сум доброречив човек; ни порано сум бил, ниту вчера, ни завчера, па ни сега, откако проговори Ти со слугата Твој; јас тешко зборувам и тепкам.“ А Господ рече: „Кој му дал уста на човекот? Кој го прави нем, или глув, да гледа, или да е слеп? Зар не сум тоа Јас, Господ? Па сега, оди, и Јас ќе ти ја отворам устата, и ќе те научам, што да зборуваш.“ Но тој пак рече: „Те молам, Господи, избери друг, што ќе го испратиш.“
Прочитај Излез 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 4:10-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа