Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 39

39
Одежди за свештениците: ефодот
1 # 28,2; 35,19.23; 39,41 А од сина, пурпурна и црвена волна направија одежди за служ­ба во светилиштето; му направија и свештени одежди на Арон, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 2Направија ефод од злато, од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен; 3исковаа листови од злато, и исекоа нишки, за да ги вткаат вешто меѓу си­ните, пурпурните, црвените и во лене­ни­те нишки; 4му направија и нарамници што се врзуваат: тие се врзуваат со него на двата негови краја. 5И појасот на ефодот, од неговата горна страна, беше ист како и тој: од злато, од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 6И изрезаа и камења од оникс, и ги обрабија со злато, и ги впишаа на нив имињата на синовите Израелови, како што се прават печати; 7#Ис.Н. 4,7па ги ставија на нарамниците од ефодот, за спомен на синовите Израело­ви, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
Наградникот
8 # 3 Мојс 8,8 Направија и наградник, вешто изра­ботен, од иста материја како и ефодот: од злато, од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен; 9тој беше: четириаголен, двоен, педа долг, и педа широк; двоен го направија наградникот. 10И наредија на него четири реда ка­ме­ња: во првиот ред: рубин, топаз и смарагд; 11во вториот ред: антракс, сафир и ел­маз; 12во третиот ред: опал, ахат и аме­тист; 13во четвртиот ред: хризолит, оникс и јаспис; и тие беа опковани и обвиени во злато. 14#Откр 21,12Камењата беа според бројот на имињата на синовите Израелови: тие беа дванаесет, според бројот на нивните имиња, и на секој од нив беше изрежано како на печат по едно име, за дванаесетте племиња. 15И направија за наградникот вериш­ки виени, плетени од чисто злато; 16направија и две копченца златни и две алчиња златни, и ги ставија двете алчиња на двата краја од наградникот; 17па ги закачија двете златни вериш­ки за двете алчиња на краевите од наградникот, 18а другите два краја од двете веришки ги закачија за двете копченца и ги прицврстија на нарамниците од ефодот од предната страна. 19Направија уште две златни алчиња, и ги ставија на двата краја од наградникот, на внатрешниот раб, свртен спре­ма ефодот: 20направија уште две златни алчиња, ги ставија на двата нарамника од ефодот, на неговиот преден крај одоздола, каде што се составува ефодот над појасот; 21и така го врзаа наградникот со алчињата негови за алчињата од ефодот со сина врвка, плетена, за да стои одозгора над појасот од ефодот и да не се одделува наградникот од ефо­дот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
Другите свештени одежди
22А за ефодот направија и наметка, од сина ткаенина, 23и прорез по средината на наметката, како отвор на оклоп, а околу прорезот ширит шиен, за да не се реси. 24По полите на наметката одоздола направија топченца од сина, пурпурна и црвена волна и пресукан лен. 25А направија и ѕвончиња од чисто злато, и ги закачија ѕвончињата на полите од наметката наоколу, меѓу топчињата: 26ѕвонче и топченце, ѕвонче и топ­ченце наоколу по полите на наметката, за служба, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 27#3 Мојс 6,3Потоа направија хитони од ткаен лен за Арон и за синовите негови; 28#28,4; 3 Мојс 8,9и кидар од лен и митра од лен, и долна облека од пресукан лен, 29и појас од пресукан лен од сина, пурпурна и црвена волна – везена работа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 30#Зах 14,20И направија плочка, дијадема на светоста, од чисто злато, и издлабија на неа писмо, како што се реже печат „Светиња Господова.“ 31И врзаа за неа сина врвка, за да се врзува на кидарот одозгора, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
Предавање на завршените работи на Мојсеј
32 # 25,9 И така се сврши целата работа око­лу скинијата. И направија синовите из­ра­елски сѐ како што му беше заповедал Господ на Мојсеј, така направија. 33#25,8-40; 36,8-38И ја донесоа кај Мојсеј скинијата, покривката и сиот нејзин прибор: кукичките, штиците, лостовите, столбовите и подножјата. 34И покривката од црвени, овнешки кожи, и покривката од сини кожи и завесата за засолнување, 35#37,1ковчегот на заветот со лостовите, и чистилиштето, 36#25,23-30; 37,10-16трпезата со сите нејзини принадлежности, и лебот за принос, 37#25,6.31-39светилникот од чисто злато со не­говите кандилца, кандилцата веќе наредени, и сиот прибор негов, и масло за светење, 38#36,35; 37,25-28златниот жртвеник, и маслото за помазание, кадиво мирисно, и завесата за влезот во скинијата, 39#27,1-8; 30,18; 38,1-7жртвеникот од бакар и решетката од бакар за него, лостовите негови и сите принадлежности негови, мијалникот и подножјето негово, 40#27,9-19; 38,9-20завесите за дворот, столбовите за нив и подножјата нивни, и завесата за влезот во дворот, јажињата и колчи­њата, и сите работи потребни за служба во скинијата. 41#39,1Одеждите богослужбени за служе­ње во светилиштето, свештените одеж­ди за свештеникот Арон и одеж­дите за синовите негови, за свеште­ничка служ­ба. 42#25,9Како што му беше заповедал Гос­под на Мојсеј, така ги направија си­новите на Израел сите тие работи. 43#35,10; 4 Мојс 6,23-27; 5 Мојс 21,5; 2 Сам 6,18; 1 Цар 8,14.55; 2 Лет 30,27И ги погледа Мојсеј сите тие ра­боти, и ете, тие ги беа направиле: како што беше заповедал Господ, така ги беа направиле. И ги благослови Мојсеј.

Селектирано:

Излез 39: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се