Излез 39
39
Одежди за свештениците: ефодот
1 #
28,2; 35,19.23; 39,41 А од сина, пурпурна и црвена волна направија одежди за служба во светилиштето; му направија и свештени одежди на Арон, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 2Направија ефод од злато, од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен; 3исковаа листови од злато, и исекоа нишки, за да ги вткаат вешто меѓу сините, пурпурните, црвените и во ленените нишки; 4му направија и нарамници што се врзуваат: тие се врзуваат со него на двата негови краја. 5И појасот на ефодот, од неговата горна страна, беше ист како и тој: од злато, од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 6И изрезаа и камења од оникс, и ги обрабија со злато, и ги впишаа на нив имињата на синовите Израелови, како што се прават печати; 7#Ис.Н. 4,7па ги ставија на нарамниците од ефодот, за спомен на синовите Израелови, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
Наградникот
8 #
3 Мојс 8,8
Направија и наградник, вешто изработен, од иста материја како и ефодот: од злато, од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен; 9тој беше: четириаголен, двоен, педа долг, и педа широк; двоен го направија наградникот. 10И наредија на него четири реда камења: во првиот ред: рубин, топаз и смарагд; 11во вториот ред: антракс, сафир и елмаз; 12во третиот ред: опал, ахат и аметист; 13во четвртиот ред: хризолит, оникс и јаспис; и тие беа опковани и обвиени во злато. 14#Откр 21,12Камењата беа според бројот на имињата на синовите Израелови: тие беа дванаесет, според бројот на нивните имиња, и на секој од нив беше изрежано како на печат по едно име, за дванаесетте племиња. 15И направија за наградникот веришки виени, плетени од чисто злато; 16направија и две копченца златни и две алчиња златни, и ги ставија двете алчиња на двата краја од наградникот; 17па ги закачија двете златни веришки за двете алчиња на краевите од наградникот, 18а другите два краја од двете веришки ги закачија за двете копченца и ги прицврстија на нарамниците од ефодот од предната страна. 19Направија уште две златни алчиња, и ги ставија на двата краја од наградникот, на внатрешниот раб, свртен спрема ефодот: 20направија уште две златни алчиња, ги ставија на двата нарамника од ефодот, на неговиот преден крај одоздола, каде што се составува ефодот над појасот; 21и така го врзаа наградникот со алчињата негови за алчињата од ефодот со сина врвка, плетена, за да стои одозгора над појасот од ефодот и да не се одделува наградникот од ефодот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
Другите свештени одежди
22А за ефодот направија и наметка, од сина ткаенина, 23и прорез по средината на наметката, како отвор на оклоп, а околу прорезот ширит шиен, за да не се реси. 24По полите на наметката одоздола направија топченца од сина, пурпурна и црвена волна и пресукан лен. 25А направија и ѕвончиња од чисто злато, и ги закачија ѕвончињата на полите од наметката наоколу, меѓу топчињата: 26ѕвонче и топченце, ѕвонче и топченце наоколу по полите на наметката, за служба, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 27#3 Мојс 6,3Потоа направија хитони од ткаен лен за Арон и за синовите негови; 28#28,4; 3 Мојс 8,9и кидар од лен и митра од лен, и долна облека од пресукан лен, 29и појас од пресукан лен од сина, пурпурна и црвена волна – везена работа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 30#Зах 14,20И направија плочка, дијадема на светоста, од чисто злато, и издлабија на неа писмо, како што се реже печат „Светиња Господова.“ 31И врзаа за неа сина врвка, за да се врзува на кидарот одозгора, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
Предавање на завршените работи на Мојсеј
32 #
25,9
И така се сврши целата работа околу скинијата. И направија синовите израелски сѐ како што му беше заповедал Господ на Мојсеј, така направија. 33#25,8-40; 36,8-38И ја донесоа кај Мојсеј скинијата, покривката и сиот нејзин прибор: кукичките, штиците, лостовите, столбовите и подножјата. 34И покривката од црвени, овнешки кожи, и покривката од сини кожи и завесата за засолнување, 35#37,1ковчегот на заветот со лостовите, и чистилиштето, 36#25,23-30; 37,10-16трпезата со сите нејзини принадлежности, и лебот за принос, 37#25,6.31-39светилникот од чисто злато со неговите кандилца, кандилцата веќе наредени, и сиот прибор негов, и масло за светење, 38#36,35; 37,25-28златниот жртвеник, и маслото за помазание, кадиво мирисно, и завесата за влезот во скинијата, 39#27,1-8; 30,18; 38,1-7жртвеникот од бакар и решетката од бакар за него, лостовите негови и сите принадлежности негови, мијалникот и подножјето негово, 40#27,9-19; 38,9-20завесите за дворот, столбовите за нив и подножјата нивни, и завесата за влезот во дворот, јажињата и колчињата, и сите работи потребни за служба во скинијата. 41#39,1Одеждите богослужбени за служење во светилиштето, свештените одежди за свештеникот Арон и одеждите за синовите негови, за свештеничка служба. 42#25,9Како што му беше заповедал Господ на Мојсеј, така ги направија синовите на Израел сите тие работи. 43#35,10; 4 Мојс 6,23-27; 5 Мојс 21,5; 2 Сам 6,18; 1 Цар 8,14.55; 2 Лет 30,27И ги погледа Мојсеј сите тие работи, и ете, тие ги беа направиле: како што беше заповедал Господ, така ги беа направиле. И ги благослови Мојсеј.
Селектирано:
Излез 39: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006