И започнаа да работат Веселеил и Охолијав и сите способни луѓе, на кои Господ им беше дал мудрост и знаење да разбираат и да работат секакви работи, потребни за светилиштето, сѐ како што беше заповедал Господ. И ги повика Мојсеј Веселеил и Охолијав и сите мудри луѓе, на кои Бог им дал разум во срцето, и сите, кои од срце сакаа да се зафатат за дела што треба да се свршат. И тие ги зедоа од Мојсеј сите дарови што ги беа принеле синовите израелски за потребите на светилиштето за да се работи. А тие ги примаа уште и принесуваните дарови од оние што носеа секое утро. Тогаш дојдоа сите вешти луѓе, што вршеа работи за светилиштето, секој според својата работа, кој каква што работел, па му рекоа на Мојсеј: „Народот принесува повеќе отколку што е потребно за да се направи, она што заповеда Господ.“ И Мојсеј разгласи во таборот, велејќи: „Ни маж ни жена да не принесува ништо повеќе како дар за светилиштето.“ И народот престана да принесува, зашто имаше доста принесено за секакви работи што требаше да се направат, дури и преостануваше.
Прочитај Излез 36
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 36:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа