Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 36:1-7

Излез 36:1-7 MK2006

И започнаа да работат Веселеил и Охолијав и сите способни луѓе, на кои Господ им беше дал мудрост и знаење да разбираат и да работат се­какви работи, потребни за светилиш­тето, сѐ како што беше заповедал Господ. И ги повика Мојсеј Веселеил и Охолијав и сите мудри луѓе, на кои Бог им дал разум во срцето, и сите, кои од срце сакаа да се зафатат за дела што треба да се свршат. И тие ги зедоа од Мојсеј сите дарови што ги беа принеле синовите израелски за потребите на светилиштето за да се работи. А тие ги примаа уште и принесуваните дарови од оние што носеа секое утро. Тогаш дојдоа сите вешти луѓе, што вршеа работи за светилиштето, секој според својата работа, кој каква што работел, па му рекоа на Мојсеј: „Народот при­несува повеќе отколку што е по­требно за да се направи, она што заповеда Господ.“ И Мојсеј разгласи во таборот, ве­лејќи: „Ни маж ни жена да не принесува ништо повеќе како дар за свети­лиштето.“ И народот престана да принесува, зашто имаше доста принесено за се­какви работи што требаше да се направат, дури и преостануваше.