Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 33

33
Бог му заповеда на Мојсеј да тргнат
1 # 13,11; 1 Мојс 12,7; 4 Мојс 10,11-13 И Господ му рече на Мојсеј: „Крени се оттука ти и народот, кого го изведе од земјата египетска и оди во земјата, за која им се заколнав на Авраам, Исак и Јаков, велејќи: на потомството ваше ќе му ја дадам; 2#14,19; 23,20.23; 5 Мојс 7,1и ќе испратам пред тебе ангел, и ќе ги изгонам Хананците, Аморејците, Хитијците, Перизијците, Евејците и Јевусијците: 3#3,8; 32,9-10и ќе те воведам во земјата, каде што тече мед и млеко; Самиот нема да одам со вас, за да не ве погубам по патот, бидејќи вие сте тврдоглав народ.“ 4#4 Мојс 14,39А народот кога го чу тој страшен збор, се расплака, и никој не го кладе на себе накитот свој. 5#32,9Зашто Господ му беше рекол на Мојсеј: „Кажи им на синовите израел­ски: вие сте тврдоглав народ; само за миг да се симнам помеѓу вас, ќе ве ис­тре­бам; а сега симнете го од себе накитот свој, а Јас ќе ви покажам што ќе на­правам со вас.“ 6#3,1И ги извадија накитите од себе синовите израелски на планината Хорив.
Скинијата на собранието
7 # 26,1; 1 Мојс 25,22; 27,21; 4 Мојс 12,4-8 А Мојсеј го зеде шаторот свој, и го распна надвор од логорот, и се нарече скинија на собранието; и секој што Го бараше Господа, доаѓаше во скинијата на собранието, која се наоѓаше надвор од логорот. 8И кога Мојсеј тргнуваше кон скинијата, сиот народ стоеше на вратата од својот шатор, и гледаше по Мојсеј, до­дека не влезе во скинијата. 9#19,9; 29,42; 5 Мојс 31,15; Пс 99,7А кога Мојсеј влегуваше во скинијата, се спушташе столб од облак и се задржуваше пред вратата на скинијата, додека Господ зборуваше со Мојсеј. 10И сиот народ го гледаше столбот од облак, кој стоеше пред вратата на ски­нијата; и сиот народ стануваше, и секој се поклонуваше пред влезот на својот шатор. 11#33,20; 34,34; 4 Мојс 12,8; 5 Мојс 34,10И тогаш Господ зборуваше со Мој­сеј лице в лице, како што човек збо­рува со пријателот свој. Потоа Мојсеј се вра­ќаше во логорот, додека неговиот по­мош­ник, младиот Исус, синот Навинов, не излегуваше од скинијата.
Господ разговара со Мојсеј
12 # 3,10; 15,17; Ис 43,1; 45,3; 49,1 И Мојсеј му рече на Господ: „Ете, Ти ми велиш: ‚води го тој народ‘, и не ми јави кого ќе пратиш со мене, иако ми рече: ‚Јас те знам по име и ти најде милост пред Мене.‘ 13#3,7; 5 Мојс 9,26.29; Пс 25,4; 51,15; 103,7; 143,8Па, ако, сум нашол милост пред Тебе откриј ми се да Те разберам, та и понатаму да најдам милост пред Тебе, и да видам дека овие луѓе се Твој народ.“ 14#Ис.Н. 11,23; 21,44; Ис 63,9; Ер 31,2И му рече: „Јас Самиот ќе врвам пред тебе, и ќе те успокојам.“ 15#34,9; Пс 80,3.7.19А тој му рече: „Ако Ти Самиот не појдеш со нас, тогаш не изведувај нѐ одовде, 16#34,10; 3 Мојс 20,24.26; 4 Мојс 14,14; 23,9; 5 Мојс 2,7; 4,7.32.34зашто, по што ќе познаеме дека јас и народот Твој сме нашле милост пред Тебе, освен по тоа што Ти одиш со нас? И по тоа ќе се разликуваме и народот Твој од сите други народи што се на земјата.“ 17#5 Мојс 10,10И Господ му рече на Мојсеј: „Ќе го направам и тоа, што го кажа, зашто ти најде милост пред Мене, и те познавам многу добро.“ 18#16,7; 1 Цар 19,9-18; Јн 1,14Пак рече: „Покажи ми ја славата Своја.“ 19#3,14; 6,3; 34,6-7; 1 Цар 19,11; Рим 9,15Му одговори: „Ќе ја покажам пред тебе сета Моја слава, и ќе Го изговорам името Господово пред тебе, и кој е за помилување, ќе го помилувам, и кој е за утешение – ќе го утешам.“ 20#3,6; 4 Мојс 4,20; 5 Мојс 5,24.26; Суд 6,22-23; Ис 6,5; Јн 1,18И потоа рече: „Но лицето Мое не ќе можеш да го видиш, зашто не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив.“ 21И пак рече Господ: „Ене место кај Мене, застани на онаа карпа! 22#1 Цар 19,9; Ис 2,21; 49,2; Пс 27,5; 62,8; 91,1.4А кога ќе помине славата Моја, ќе те ставам во пукнатината на карпата, и ќе те засолнам со раката Своја, додека не поминам; 23а кога ќе ја кренам раката Своја, ти ќе ме видиш откај грбот, но лицето Мое не ќе можеш да го видиш.“

Селектирано:

Излез 33: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се