Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 31

31
Градителите на скинијата
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#37,1; 38,22; 1 Лет 2,20; 2 Лет 1,5„Ете, го определив по име Веселеил, син на Уриј, синот на Ор, од племето Јудино; 3#28,3; 1 Цар 7,14и го исполнив со Духот Божји, со мудрост, разум, знаење и секаква умешност; 4да работи со злато, сребро и бакар; 5да реже камења, да прави дрвени изработки, за секакви потреби. 6#28,3; 36,1-2; 38,23И, ете, му го дадов за помошник Охо­лијав, синот на Ахисамах, од племето Даново; и на сите способни луѓе им дадов разум да се потрудат да направат сѐ како што ти заповедав: 7#36,8-38; 37,1-6скинијата, и ковчегот на заветот, и чистилиштето над него, и сиот прибор во скинијата; 8#37,10-28; 3 Мојс 24,4и трпезата со сите нејзини принадлежности, и светилникот од чисто злато со сите делови негови, и кадилниот жртвеник; 9#30,18; 38,3жртвеникот за жртви сепаленици со сиот негов прибор, и мијалникот и подножјето негово; 10#28,2и одеждите на Арон за служење и одеждите на синовите Аронови, со кои ќе ми свештенодејствуваат; 11#25,6; 30,22-32; 37,29и маслото за помазание, и кадивото благопријатно за светилиштето – сѐ нека направат така, како што ти заповедав.“
Празнување на саботата
12И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 13#20,8-11; 3 Мојс 20,8; Ез 20,12; 37,28„Кажи им на синовите на Израел така: пазете ги саботите Мои, зашто тоа е знак меѓу Мене и вас од колено до колено, за да знаете дека Јас сум Господ, Кој ве осветува. 14#4 Мојс 15,32-36Пазете ја саботата, бидејќи таа е света за вас: кој ќе ја оскверни, да се погуби. Секој, кој ќе врши некаква работа во тој ден, таа душа нека се истреби од народот свој. 15#20,8-11; 35,2; 3 Мојс 23,3Шест дена нека се работи; а седмиот ден е сабота, ден за одмор, посветен на Господ: секој, кој ќе работи во саботен ден, нека се предаде на смрт. 16Затоа синовите израелски нека ги пазат саботите, празнувајќи ги во родовите свои како вечен завет. 17#20,9.11; 1 Мојс 2,2-3; 9,9; Ис 56,2; 58,13; Ер 17,21-22; Ез 20,12.20Тоа е знак меѓу Мене и синовите на Израел довека; зашто во шест дена ги создаде Господ небото и земјата, а во седмиот ден си отпочина и се одмори.“ 18#24,12; 32,15-16; 34,1.28; 5 Мојс 4,13; 9,10; 2 Кор 3,3; Евр 9,4И кога Бог престана да зборува со Мојсеј на Планината Синајска, му ги даде двете плочи на заветот – камени плочи, напишани со прст Божји.

Селектирано:

Излез 31: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се