Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 29

29
Осветување на свештениците
1 # 40,12-15; Евр 7,26-28 „А еве што да направиш над нив, за да ги посветиш за Мои свеш­теници: земи теле од говедата и два ов­на здрави, 2#3 Мојс 2,1.4; 24; 4 Мојс 6,15и бесквасни лебови, бесквасни погачки замесени со масло, и питки бесквасни намачкани со масло; од пченично бело брашно направи ги. 3Стави ги во една кошница, и принеси ги со кошницата, заедно со телето и двата овна. 4#40,12-15; Евр 10,22Доведи го Арон и синовите негови пред влезот на скинијата, и измиј ги со вода. 5#28,8А откако ќе ги земеш одеждите, облечи го Арон, во хитон и во наметка, во ефод и во наградник и опаши го преку ефодот; 6#28,36.38; 39,30; Зах 3,5стави му го на глава кидарот, а на кидарот прицврсти го венецот на светоста. 7#30,22-23.30; 37,29; 1 Сам 10,1И земи масло за помазание, излеј на главата негова и помажи го. 8#28,4Потоа доведи ги синовите негови и облечи ги во хитоните. 9#28,40; 40,15; 4 Мојс 3,10; 5 Мојс 18,5И опаши ги со појаси, Арон и не­говите синови, и стави им ги превивките на главата, па свештенството нека им припаѓа вечно. Така ќе ги по­светиш рацете на Арон и на неговите синови. 10#3 Мојс 1,4; 4,15; 4 Мојс 8,12Потоа доведи го телето пред вратата на скинијата, и Арон и синовите не­гови нека ги положат рацете свои врз главата на телето. 11#3 Мојс 1,5.11; 4,24И заколи го телето пред Господ, пред влезот во скинијата, 12#27,2; 3 Мојс 1,5-9; 4,7и земи крв од телето и со твојот прст помажи ги роговите на жртве­никот, а остатокот од крвта, сета излиј ја во подножјето на жртвеникот. 13#3 Мојс 1,8; 9,10Потоа земи го сиот лој што ја обвива внатрешноста, кошулката на црниот дроб и обата бубрега со лојот околу нив, и запали ги на жртвеникот. 14#3 Мојс 4,12.21А месото од телето, кожата негова и нечистотиите изгори ги на оган надвор од логорот. Тоа е жртва за грев. 15#3 Мојс 3,2; 2 Лет 29,23Потоа земи го едниот овен, и Арон и синовите негови нека ги положат рацете свои врз главата на овенот; 16#24,6па заколи го овенот, земи крв од него и со неа полиј го жртвеникот од сите страни; 17#3 Мојс 1,9.13овенот, пак, исечи го на делови, из­миј ја внатрешноста и нозете негови, и стави ги врз расечените делови со главата, 18#1 Мојс 8,21; 2 Кор 2,15; Ефес 5,2; Фил 4,18и изгори го целиот овен на жрт­веникот. Тоа е жртва сепаленица пред Господ, мирис благопријатен, жртва на Господ. 19#29,10Земи го потоа и другиот овен, та Арон и синовите негови нека ги положат рацете свои на главата на овенот; 20#3 Мојс 1,5.11; 14,14.25заколи го овенот и земи од неговата крв, па помажи го со неа крајчето од десното уво на Арон, и крајчето од десното уво на неговите синови, а и палецот на десната рака нивна, и палецот од десната нога нивна; а со крвта, што ќе преостане, попрскај го жрт­веникот од сите страни. 21#Евр 9,22Потоа земи од крвта, што е на жртвеникот и масло за помазание, и попрскај го Арон и одеждите негови, и синовите негови и одеждите нивни – па ќе бидат осветени тој и одеждите негови, и синовите негови и одеждите на синовите негови со него. 22Освен тоа, земи лој од овенот и опашката негова, и лојот што ја обвива внатрешноста негова, како и кошулката од црниот дроб и обата бубрега и лојот што е на нив, и десната плешка; 23и еден леб и една погачка со масло, и една питка од кошницата со бесквасни лебови, приложена пред Господ. 24#3 Мојс 7,30; 9,21; 10,15; 4 Мојс 6,20; 8,11.13.15Сето тоа стави го врз рацете на Арон и врз рацете на синовите негови, и принеси го тоа со нишање пред Гос­под. 25Потоа земи им го тоа од рацете нивни, и изгори го на жртвеникот, со жртвата сепаленица, за да биде мирисот благопријатен пред Господ: тоа е принос пред Господ. 26#3 Мојс 7,30И земи ги градите од овенот за Ароновото посветување и принеси ги со нишање пред Господ – и тоа ќе биде твој дел. 27#3 Мојс 7,31.34И освети ги градите од приносот, што беа нишани, и плешката на вознесението што беше вознесена, од овенот за посветување на Арон и на синовите негови; 28#3 Мојс 7,30.34; 10,15и тоа нека биде за Арон и за синовите негови вечен дел од синовите на Израел, бидејќи тоа е вознесение; тоа вознесение треба да го прават при благодарствените жртви; нивното вознесение е дар за Господ. 29#28,2; 4 Мојс 20,28А светите одежди Аронови по него нека преминат на синовите негови, за да бидат во нив помазувани и во нив да се посветуваат за свештеници. 30#3 Мојс 6,22; 4 Мојс 20,28Седум дена нека се облекува во нив свештеник од синовите негови, оној, кој на неговото место ќе биде свештеник, кој ќе влегува во скинијата за да служи во светилиштето. 31#3 Мојс 8,31-33; Ез 42,13; 2 Лет 13,9А овенот за посветување земи го и месото негово свари го на свето место; 32и Арон и синовите негови нека го изедат месото од тој овен со лебовите од кошницата при влезот во скинијата. 33#Мт 12,4Зашто преку тоа е извршено очис­тување и послужило за нивното посветување во свештенство; човек друг да не јаде, зашто тоа е света работа; 34#12,10а и ако остане нешто од месото на жртвата за посветување, или од лебо­вите до изутрина, остатокот изгори го на оган; тоа не треба да се јаде, зашто е светиња. 35И направи така со Арон и со синовите негови сѐ онака како што ти заповедав. Седум дена посветувај ги ра­цете нивни. 36#40,10; 3 Мојс 1,4; Ез 43,18-27; 2 Лет 29,24; Евр 10,11Теле заради гревовите да принесуваш секој ден за очистување; и жртва за грев да принесуваш врз жртвеникот за да го очистиш; и помажи го за да биде осветен. 37#30,29; 40,10; 3 Мојс 16,18-20; Мт 23,19Седум дена ќе го очистуваш жртвеникот и ќе го осветуваш, и жртвеникот ќе биде голема светиња; секој кој ќе се допре до жртвеникот, ќе се освети.
Секојдневните жртви
38 # 3 Мојс 6,2-6; Ез 46,13-15; 1 Лет 16,40 А еве што ќе принесуваш на жр­т­веникот: две јагниња стари една година, секој ден без прекин. 39#4 Мојс 28,4.8; Езд 3,3Едното јагне принесувај го наутро, а другото принесувај го навечер; 40#1 Мојс 35,14; 4 Мојс 15,4; 28,5; Ез 46,13-15и уште по една десетина ефа пченично брашно измешано со четврт ин исцедено масло, а за преливање – четврт ин вино, за едно јагне; 41#1 Цар 18,29.36; Пс 141,2; Дан 9,21; Езд 9,4.5а другото јагне принесувај го навечер: со принос од брашно како ут­ринскиот и со исто такво преливање при­несувај го, како благопријатен ми­рис, жртва на Господ. 42#27,2; 33,9.11; 4 Мојс 7,89Тоа нека биде постојана жртва се­па­леница во поколенијата ваши пред вратата од скинијата, пред Господ, каде што ќе ти се јавувам, за да зборувам со тебе. 43#25,22; 40,34; 1 Цар 8,11; Ез 43,5; Пс 26,8И таму ќе им се јавувам на си­но­вите израелски, и ќе се освети тоа место со славата Моја. 44#29,1А ќе ги осветам скинијата и жрт­веникот; и Арон и синовите негови ќе ги осветам, за да Ми свештенодејствуваат. 45#25,8; 40,34; 1 Мојс 17,7; 4 Мојс 35,34; 2 Кор 6,16Ќе пребивам меѓу синовите израелски и ќе им бидам Бог, 46#6,6; Агеј 2,5и ќе познаат дека Јас сум Господ, Бог нивни, Кој ги изведе од земјата еги­петска за да пребива меѓу нив. Јас сум Господ, нивниот Бог.“

Селектирано:

Излез 29: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се