Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 27

27
Жртвеникот
1 # 20,24; 40,6; 4 Мојс 4,13-14; 1 Цар 9,25; Ез 43,13-17; 2 Лет 4,1 „Направи и жртвеник од дрвото шитим – пет лакти долг и пет лакти широк; четириаголен да биде жрт­веникот и три лакти висок. 2#29,12; 30,2; 3 Мојс 4,7; 1 Цар 1,50-51; Пс 118,27; Ез 43,15; Амос 3,14А на неговите четири агли направи им рогови, така што роговите да изле­гуваат од него; и опкови го со бронза. 3#4 Мојс 4,14; 1 Цар 7,40.45; Ер 52,18Потоа направи за него котли за исипување во нив на пепелта, и ло­патчиња, и потири, и вилушки, и кадилници; сиот овој прибор направи го од бакар. 4И направи му решетка од бакар во вид на мрежа, а на решетката од че­тирите нејзини агли, направи и четири алки од бакар; 5и стави ги под рамката на жртве­никот, долу, така што решетката да зафаќа до средината на жртвеникот. 6#25,13Направи за жртвеникот лостови, лостови од дрвото шитим, и опкови ги со бакар; 7#25,14.28лостовите да се провлечат низ ал­ките, така што лостовите да излегуваат од двете страни на жртвеникот, за да се носи. 8#25,9Ќе го направиш од штици, однатре да биде празен; како што ти беше по­кажано на гората, така да се направи.
Завесите на дворот
9 # 35,17; 40,8.17-38; 1 Цар 6,36; 8,64; Ез 40,17-47; 2 Лет 4,9; 7,7 Направи и двор на скинијата. На јужната страна, откај Негев, завесите за дворот треба да бидат од пресукан лен, сто лакти во должина од едната страна; 10столбови за нив да има дваесет, а подножја од бакар – дваесет; кукичките за нивните столбови и обрачите нивни да бидат сребрени. 11Исто така и од северната страна завесите да бидат сто лакти долги; и дваесет столбови за нив со дваесет подножја од бакар; кукичките нивни и обрачите на столбовите да бидат од сребро. 12А и по ширина на дворот, откај западната страна, да има завеси, долги педесет лакти; со десет столбови и десет подножја за нив. 13А и од предната страна, кон исток, дворот треба да има педесет лакти ширина. 14Од петнаесет лакти нека бидат завесите од едната страна, и за нив три столба и три подножја под нив; 15и од другата страна завеси, од петнаесет лакти, со три столба за нив и три подножја под нив. 16#36,37; 40,33А за вратата на дворот завесата да е дваесет лакти, од сина, пурпурна и црвена волна и со пресукан лен – уметничка работа; и четири столба за неа, со четири подножја под нив. 17Сите столбови околу дворот треба да бидат поврзани со обрачи од сребро; и кукичките нивни да им се сребрени, а подножјата од бакар. 18Во должина дворот да има сто лакти, во ширина по педесет насекаде, додека во висина пет лакти – од пресукан лен, а подножјето од бакар. 19Сиот прибор во скинијата за општа употреба и сите нејзини колови, и сите колови на дворот да се од бакар.
Масло за светилникот
20И заповедај им на синовите израелски да ти носат чисто масло, исцедено од маслинка, за светење, за да гори светилникот секогаш. 21#16,34; 33,7; 3 Мојс 1,1; 4 Мојс 31,54; 1 Сам 3,3Во скинијата на собранието пред завесата, која ќе го закрива ковчегот на заветот, Арон и неговите синови нека го палат, да гори пред Господ од вечер до утрина. Тоа нека е вечен закон за поколенијата на синовите израелски.“

Селектирано:

Излез 27: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се