Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 25

25
Планот за скинијата
Прилозите на Израелците
1И Господ му рече на Мојсеј, велејќи: 2#35,4-29; Езд 2,68; Неем; 7,70-72; 1 Лет 29,5.9; 2 Кор 9,7„Кажи им на синовите на Израел да Ми соберат прилози: земете прилог кој од драго срце Ми дава. 3А прилогот што ќе го земете од нив да биде: злато, сребро и бакар; 4#28,4-8волна сина, црвена и светлоцрвена, лен и козина; 5#4 Мојс 4,6.10и црвени овнешки кожи, фини кожи и дрвја од шитим; 6#27,20; 30,22-32; 3 Мојс 16,12; 4 Мојс 4,16; 2 Лет 13,11масло за светење, и мириси за мас­лото за помазание и за мирисно кадило; 7#28,4.6-14камења оникс и камења за украсување на ефодот и наградникот. 8#29,45; 3 Мојс 26,11-12; 5 Мојс 12,11; Зах 2,14; Евр 9,1-2Да Ми направите светилиште, од каде што ќе ви се јавувам вам. 9#25,40; 26,30; 4 Мојс 8,4; 1 Лет 28,19; Дела 7,44; Евр 8,5Сѐ, како што ќе ти покажам Јас на планината: и образецот на скинијата, и образецот на сите предмети во неа – така да направите.
Ковчегот на заветот
10 # 5 Мојс 10,3.5; 1 Цар 6,19; Евр 9,4 Направете ковчег од дрвото шитим, во должина од два и пол лакта, а во ширина еден и пол лакот, и во висина еден и пол лакот; 11и опкови го со чисто злато: опкови го однатре и однадвор; направи му зла­тен венец околу врвот; 12и излиј за него четири алки од злато, и постави ги на четирите негови долни агли: две алки од едната страна и две алки од другата страна. 13Направи од дрвото шитим лостови, и опкови ги со злато, 14#40,20; 1 Лет 15,15и провлечи ги лостовите низ алките од обете страни на ковчегот, за да се носи на нив ковчегот; 15#1 Цар 8,8лостовите во алките на ковчегот нека стојат, да не се вадат од нив. 16#16,34; 24,12; 5 Мојс 10,1-2; Евр 9,4А во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам. 17#3 Мојс 16,13Направи исто така и чистилиште: капак од чисто злато, долго два и пол лакта, а широко еден и пол лакот. 18#26,1.31; 36,35; 1 Цар 6,23-28; 2 Лет 3,10-13; Евр 9,5И направи два херувима од злато, ковани направи ги и постави ги на двата краја од капакот; 19направи херувими: еден од едната страна, а друг од другата страна на капакот; направи ги херувимите на обете страни од чистилиштето. 20#1 Мојс 3,24; 1 Цар 8,7; Евр 9,5Херувимите да бидат со крилата угоре, та со крилата да го засолнуваат капакот, а со лицата свртени еден спроти друг; лицата на херувимите нека бидат свртени кон чистилиштето. 21#26,34; 40,20; 5 Мојс 10,5И стави го капакот одозгора врз ковчегот, а во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам Јас: 22#4 Мојс 7,89; 2 Сам 6,2; 2 Цар 19,15; Пс 80,1; Ис 37,15и тука, над капакот, меѓу двата хе­рувима, кои ќе бидат над ковчегот на заветот, ќе ти се јавувам тебе и оттаму ќе ти зборувам тебе и за сѐ ќе им заповедам преку тебе на синовите изра­елски.
Масата со принесените пред Бога лебови
23 # 3 Мојс 24,6; 1 Цар 7,48; 2 Лет 4,8.19 Направи и маса од дрвото шитим: долга два лакта, а широка еден лакот, висината да ѝ е лакот и половина. 24И опкови ја со чисто злато, а на­прави и златен венец околу неа; 25и направи ѝ наоколу страници една дланка широки со венец наоколу; 26а направи за неа и четири алки од злато, и прицврсти ги алките на че­тирите агли од нејзините четири нозе; 27на страниците нека има алки, за да можат во нив да се стават лостови, па трпезата со нив да се подигнува; 28направи ги лостовите од дрвото ши­тим и опкови ги со злато; и со нив ќе се крева трпезата. 29#4 Мојс 4,7; 1 Цар 7,48Направи за неа чинии, кадилници, чаши и црпки, со кои ќе се врши преливање; а ќе ги направиш од чисто злато. 30#35,13; 39,36; 40,4.23; 3 Мојс 24,5-9; 1 Сам 21,4-7На трпезата поставувај ги секогаш лебовите принесени пред Мене.
Светилник со седум гранки
31 # 39,37; 40,24; 4 Мојс 4,9-10; 1 Цар 7,49; Зах 4,2; 2 Лет 4,7 И направи светилник од чисто зла­то; светилникот нека биде кован; него­виот столб, неговите гранки и чашки со јаболкца и неговите цветови – сите тие од него да излегуваат; 32шест гранки нека излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата страна на светилникот; 33три чашки во облик на бадемов цвет, со јаболче и цветови нека има ед­ната гранка, и три чашки како бадемов цвет, со јаболче и цветови на другата гранка; и така нека има на шесте гранки, што излегуваат од светилникот, 34а на самиот светилник нека има че­тири чашки во вид на бадемов цвет, со јаболкца и цветови; 35едно јаболче под две гранки, од не­го, и едно јаболче под другите две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки – така под шесте гранки што излегуваат од светилникот. 36#4 Мојс 8,4Јаболчињата и гранките нивни од него треба да излегуваат; целиот да биде кован од чисто злато. 37#3 Мојс 24,2-4; 4 Мојс 8,2; 2 Лет 13,11И направи му седум кандила, и ста­ви ги кандилата негови да светат од предната негова страна; 38а и штипките и пепеларките за нив нека бидат од чисто злато; 39од еден кикар чисто злато да напра­виш свеќник, со сиот негов прибор. 40#25,9; Евр 8,5И гледај да ги направиш според образецот, што ти беше покажан на планината.“

Селектирано:

Излез 25: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се