Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 24

24
Бог воспоставува завет со Израел
1 # 6,23; 19,24; 28,1; 4 Мојс 11,16 И Бог му рече на Мојсеј: „Качете се кај Господ ти и Арон, Надав и Авиу и седумдесет старешини израелски и поклонете Му се оддалеку; 2#19,13-20; 4 Мојс 12,6-8и да пристапи Мојсеј сам до Господ, но тие, да не пристапуваат, и народот со нив да не се искачува.“ 3#19,8; 21,1; Ис.Н. 24,16-24Дојде Мојсеј и му ги повтори на народот сите зборови Божји и сите заповеди. И сиот народ одговори во еден глас, и рече: „Сите наредби што ги кажал Гос­­под, ќе ги извршуваме.“ 4#17,4; 34,27-28; 1 Мојс 8,20; 5 Мојс 27,2; Ис.Н. 4,3-9.20-24; 1 Цар 18,31И ги напиша Мојсеј сите зборови Господови, па станувајќи утредента рано, подигна жртвеник под гората, и дванаесет столбови за дванаесетте изра­елски колена, 5и прати момчиња од синовите изра­елски, и тие принесоа жртви сепаленици и заклаа телиња за жртва за мир на Господ. 6#3 Мојс 1,11; 3,2.8.13; Мт 26,28; Евр 9,18Потоа Мојсеј зеде половина од крвта и ја налеа во чаша, а другата половина од крвта ја изли на жртвеникот; 7#19,8; 2 Цар 23,2.21; Ер 42,6.21; Евр 9,19па ја зеде книгата на заветот и му ја прочита гласно на народот, а тие рекоа: „Сѐ, што рекол Господ, ќе правиме и ќе бидеме послушни.“ 8#5 Мојс 5,2-3; Ис.Н. 24,25; 2 Цар 11,17; Ер 11,4.8; 31,32; 34,13; Зах 9,11; Пс 50,5; Мт 26,28; Лк 22,20; Евр 9,18-20; 1 Птр 1,2Тогаш Мојсеј ја зеде крвта, и го по­прска со неа народот, велејќи: „Ова е крвта на заветот, кој го воспостави Господ со вас за сите овие зборови.“ 9Потоа Мојсеј и Арон, Надав и Авиу, и седумдесетте старешини израелски се искачија горе 10#33,20; 1 Мојс 16,13; Ис 6,1; Ез 1,1.26; 10,1; Јн 1,18; Откр 4,2-3и Го видоа Бога израелски; а под­ножјето Негово како да беше од камен сафир, со сјај како сводот небески по чистота. 11#3,6; 19,21И Тој не повреди никој од избра­ните меѓу синовите на Израел: тие Го видоа Бога, па јадеа и пиеја.
Бог му се јавува на Мојсеј на планината
12 # 31,18; 32,15-16; 34,1.28.29; 5 Мојс 4,13; 5,22; 9,9; 10,1-5; 2 Кор 3,3 И Господ му рече на Мојсеј: „Качи се кај Мене на планината и остани тука; ќе ти дадам камени плочи со закон и заповеди, што ги напишав за да им бидат закон.“ 13#3,1; 17,9Тогаш стана Мојсеј со Исус, него­виот помошник, и се искачи Мојсеј на планината Божја, 14#17,10а на старешините им рече: „Поче­кајте тука додека се вратиме кај вас; а, ете, Арон и Ор се со вас, па, ако има некој нешто за судење, нека оди кај нив.“ 15#19,9; Мт 17,5И се искачи Мојсеј на планината, и облак ја покри планината, 16#16,7; 19,9.11; 3 Мојс 9,23; 4 Мојс 14,10; Ез 8,4; 11,22и беше славата Господова на Синај­ската Планина; и облак ја покриваше шест дена; а во седмиот ден го повика Мојсеј од облакот. 17#15,7; 19,18; Евр 12,18.29А славата Господова се гледаше како оган што гори на врвот од планината пред синовите израелски. 18#34,28; 1 Мојс 7,4; 5 Мојс 9,9-11; 1 Цар 19,8; Мт 4,2; 17,1-8И Мојсеј влезе среде облакот и се качи на планината; и остана таму Мој­сеј четириесет дена и четириесет ноќи.

Селектирано:

Излез 24: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се