Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 23:20-33

Излез 23:20-33 MK2006

Еве, Јас праќам пред тебе ангел, за да те чува по патот, и да те воведе во земјата што сум ти ја приготвил. Почитувај го и слушај го неговиот глас; и не противи му се, зашто и тој нема да ви го прости гревот, бидејќи името Мое е во него. Ако го послушаш гласот негов, и ако го извршуваш сѐ она што ќе ти речам, ќе им бидам непријател на непријателите твои и противник на противниците твои. Кога ангелот Мој ќе појде пред тебе и те одведе кај Аморејците, Хитијците, Перизијците, Хананците, Евејците и Је­ву­сијците, и кога ќе ги истребам: немој да им се поклонуваш на боговите нивни, ни да им служиш, ниту да правиш што тие прават, туку скрши ги и спомениците нивни уништи ги. Служете Му на Господ, вашиот Бог, и Тој ќе го благослови лебот твој, и водата твоја; и ќе те чувам од секаква болест. Жени што пометнуваат и жени бездетни нема да има во земјата твоја; и ќе направам бројот на деновите твои да биде полн. И ќе го пуштам ужасот Мој пред тебе, и ќе го уплашам секој народ, на кој ќе наидеш, и ќе ги свртам кон тебе грбовите на сите непријатели твои. Ќе пратам пред тебе и стршени, и ќе ги изгонат Евејците, Хананците и Хитијците. Нема да ги истерам пред тебе за една година, за да не се запусти земјата и ѕверовите полски да не се размножат против тебе. Малку по малку ќе ги изгонувам пред тебе, додека не се намножиш и не завладееш со земјата. И ќе ти ја поставам границата твоја од Црвеното Море до Филистејското Море, и од пустината до реката, и ќе ви ги предадам во рацете оние, кои живеат во таа земја, и ќе ги истераш пред тебе. Со нив, и со боговите нивни да не сврзуваш завет. Да не останат во земјата твоја, за да не те наведат на грев против Мене; зашто, ако им служиш на боговите нивни, тоа ќе биде за тебе стапица.“