Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 16

16
Потполошки и мана
1 # 12,2; 17,1; 33,10-11; 4 Мојс 33,11-12 Од Елим се кренаа и целата заедница на синовите израелски дојде во пустината Син, која се наоѓа меѓу Елим и Синај, во петнаесеттиот ден од вториот месец, откако излегоа од египетската земја. 2#15,24; 1 Кор 10,10И почна да се буни целата заедница на синовите израелски против Мојсеј и против Арон во пустината. 3#14,11; 17,3; 4 Мојс 11,1-4; 14,2; 20,3; Пс 78,18; 106,13-15И им рекоа синовите на Израел: „О, да бевме умреле од раката Господова во земјата египетска, кога седевме покрај котлите со месо и јадевме леб до насит! Нѐ изведовте овде во оваа пустина, за да го умрете целово ова множество со глад!“ 4#16,14-15; 1 Мојс 22,1; 5 Мојс 8,2.3.16; Пс 78,24; Неем 9,15; Јн 6,26-58А Господ му рече на Мојсеј: „Еве, ќе пуштам да паѓа леб од небото, и народот нека излегува секој ден и нека собира колку што е потребно за тој ден, за да го проверам ќе постапува ли според законот Мој или не; 5#16,22а во шестиот ден нека го зготват она, што го собрале, и тоа ќе стане двој­но од она, што го собираат секој ден.“ 6#6,6; Пс 81,10Тогаш Мојсеј и Арон му рекоа на целиот народ израелски: „Вечерва ќе познаете дека Господ ве изведе од земјата египетска, 7#16,10; 24,16; 29,43; 33,18.22; 40,34; 3 Мојс 9,6; 4 Мојс 14,2.27-28; 16,11.19; 17,7; 5 Мојс 5,24; 1 Цар 8,11; Ис 6,3; 35,2; 40,5; 60,1; 66,18; Ез 1,28; 10,4; 43,5; Авак 2,14; Јн 11,40а утре ќе ја видите славата Гос­подова; зашто Тој го чу негодувањето ваше против Господ. Што сме ние, та да се буните против нас?“ 8#1 Сам 8,7; Лк 10,16; Рим 13,2Потоа Мојсеј рече: „Вечерва Господ ќе ви даде месо да јадете, а утре изутрина леб до наситка; зашто го чу Гос­под негодувањето ваше, што го сто­рив­те против Него. Кои сме ние? Вашето негодување не е против нас, туку против Господ.“ 9И му рече Мојсеј на Арон: „Кажи му на целото општество на синовите израелски – ‚застанете пред Господ, зашто Тој го чу вашето незадовол­ство.‘“ 10#16,7; 40,34-35; Ез 10,4; 2 Лет 7,1И кога Арон му зборуваше на на­родот, тие погледнаа кон пустината, и ете – славата Господова се појави во облак. 11И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 12#16,7; 20,2„Го чув негодувањето на синовите израелски. Кажи им и речи: ‚Вечерва ќе јадете месо, а утре ќе се наситите со леб, и ќе познаете дека јас сум Господ, вашиот Бог.‘“ 13#4 Мојс 11,9.31; Пс 78,27-28; 105,40Вечерта долетаа потполошки и го прекрија логорот; а утрината беше паднала роса околу логорот. 14#16,31; 4 Мојс 11,7-9; 5 Мојс 8,3.16И, ете, кога се крена росата, а тоа: по пустината лежи валчест прав, нешто како бел сињак по земјата. 15#1 Кор 10,3И кога видоа синовите израелски, си велеа еден на друг: „Што е тоа?“ Зашто не знаеја, што беше тоа. А Мојсеј им рече: „Тоа е лебот, што ви го даде Господ да го јадете.“ 16#16,32.36Еве како заповеда Господ: „Соби­рајте од него, секој колку што му треба за јадење – по еден омер на лице, според бројот на членовите ваши; секој според бројот на домашните што ги има во шаторот, собирајте.“ 17И направија така синовите израел­ски: и собраа, кој повеќе, кој помалку. 18#2 Кор 8,15Па мереа со омер; и кој беше собрал повеќе, излишок немаше, а оној помал­ку, – немаше недостиг; секој имаше онолку, колку што можеше да изеде.
Заповед во врска со маната
19 # 12,10 И им рече Мојсеј: „Никој да не остава од тоа за утре!“ 20#Јн 6,27Но тие не го послушаа Мојсеј, туку некои оставија од тоа за утре, а тоа црвоса и се усмрде. И се налути Мојсеј на нив. 21И така тие го собираа секое утро рано, секој колку што може да изеде; а кога сонцето ќе изгрееше, тоа се топеше. 22А во шестиот ден собраа од тој леб двојно повеќе – по два омера за секого. И дојдоа старешините народни, па му јавија на Мојсеј. 23#20,8; 31,15; 35,2; 1 Мојс 2,2-3; 3 Мојс 23,3; 5 Мојс 5,13-14А тој им рече: „Еве што кажа Господ – утре е сабота, ден за одмор посветен на Господ; што ќе печете – печете, и што треба да варите – варете денес; а што ќе преостане, соберете го и чувајте го за утре!“ 24И оставија од него за утре, како што заповеда Мојсеј, и тоа не се усмрде, ниту имаше црвје во него. 25И Мојсеј рече: „Јадете го тоа денес, бидејќи денес е сабота Господова; денес нема да најдете од него во полето. 26Шест дена ќе собирате, а седмиот ден е сабота, тогаш ќе го нема.“ 27И на седмиот ден излегоа некои од народот да собираат, но не најдоа. 28#Ер 32,23; Пс 78,10; 107,11А Господ му рече на Мојсеј: „До кога ќе се противите на заповедите Мои и на законот Мој? 29#20,8-11; 34,21Ете, Господ ви дал денес сабота, затоа во шестиот ден и ви дава леб за два дена. Останете секој во својот дом, и во седмиот ден никој да не го напушта местото свое.“ 30И се одмараше народот седмиот ден. 31#16,14; 4 Мојс 11,7И синовите израелски тој леб го нарекоа мана#16,31 Зборот манана еврејски значи што е тоа.. Тој беше бел како коријандрово семе, а по вкус – како медено колаче. 32Тогаш Мојсеј им рече: „Еве што заповеда Господ: ‚Земете еден омер мана, за да се запази во родовите ваши, за да го видат лебот што го јадевте и со кој ве хранев во пустината, кога ве изведов од земјата египетска.‘“ 33#Евр 9,4И му рече Мојсеј на Арон: „Земи еден сад и стави во него еден омер мана, и постави го пред Господ, за да се чува во вашето потомство.“ 34#25,16.21.22; 27,21; 31,18; 40,20; 4 Мојс 10,11И го постави Арон пред ковчегот на заветот, за да се чува, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 35#4 Мојс 21,5; 5 Мојс 2,7; 8,2-4; Ис.Н. 5,10-12; Неем 9,21; Јн 6,31.49А синовите на Израел јадеа мана четириесет години, додека не дојдоа во населена земја; јадеа мана сѐ додека не стигнаа до границата на хананската земја. 36#16,16А омерот е десетти дел од ефа.

Селектирано:

Излез 16: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се