Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 15

15
Песната на Мојсеј и синовите израелски
1 # 14,27; 4 Мојс 21,17; Суд 5,1; 2 Сам 22,1; Ер 51,21; Пс 59,15; 105,2.12.43; 106,12; Откр 15,3 Тогаш, Мојсеј и синовите израелски ја запеаја оваа песна на Господ, велејќи: „Да Го воспеам Гос­пода, зашто славно се прослави: коњот и коњаникот негов ги фрли в море. 2#2 Сам 22,47; Ис 12,2; 25,1; Ер 17,14; Јона 2,10; Авак 3,18; Пс 18,1.2.46; 25,5; 27,1; 99,5; 107,32; 118,14Господ е моја сила и моја слава; Тој е спасение мое; Тој е Бог мој, и ќе Го прославувам; Бог на таткото мој, и ќе Го превознесувам. 3#3,14; 14,14; Откр 19,11Господ е воин; Јахве е името Негово. 4#14,6-7Колите фараонови и војската негова ги фрли в море; избраните војводи негови се удавија во Црвено Море. 5#14,28; 15,10; Неем 9,11; Откр 18,21Бездните ги покрија; тие потонаа во длабочините, како камења. 6#4 Мојс 24,8; Пс 2,9; 17,7; 21,9; 63,9; 89,14; 98,1; 118,5; 138,7; Јов 40,14Десницата Твоја, Господи, се про­слави со сила; десната рака Твоја, Гос­поди, го уништи непријателот. 7#5 Мојс 9,3; Пс 2,5; 78,49-50; Авд 1,18; Евр 12,29И со величието на славата Твоја Ти ги собори оние, кои станаа против Тебе; Ти го излеа гневот Свој, и тој ги изгоре како слама. 8#14,21; Ис.Н. 3,13; Пс 18,15; 78,13Од здивот на ноздрите Твои водите се расцепија, брановите се издигнаа ка­ко ѕид; бездните морски станаа тврди. 9#14,5-9; Ис 9,3; Лк 11,22Непријателот рече: ‚Ќе гонам, ќе стигнам, плен ќе разделам, ќе се насити со нив душата Моја, ќе го извадам мечот Свој, ќе ги уништи раката Моја.‘ 10#15,5; Ис 11,4; 40,7; Јов 4,9; Неем 9,11Ти дувна со здивот Твој, и морето ги покри; и тие потонаа како олово во силните води. 11#3,20; 1 Сам 2,2; Ис 40,5; 46,5; Пс 8,1; 77,14; 86,8Кој е како Тебе меѓу боговите, Господи? Кој е како Тебе прославен во светоста Своја, прекрасен во славата Своја и Творец на чуда? 12#7,5; 4 Мојс 16,32; 26,10; 5 Мојс 11,6; Пс 106,17Ти ја пружи десницата Своја и земјата ги голтна. 13#6,6-8; 15,17; 5 Мојс 2,1-9; Ис 41,14; 43,14; 51,10; Пс 68,16; 76,3; 77,20; 78,54; Тит 2,14Според милоста Твоја го водиш овој народ, кого Ти го избави, и го спроведуваш со силата Своја во живеалиштето на Светоста Твоја. 14#15,16; 23,27; 5 Мојс 2,25; Ис.Н. 2,9; 5,1; Ис 13,8; Ез 38,20; Пс 48,4-6Народите слушнаа и затоа трепе­рат: ужас ги опфати жителите на земјата филистејска. 15#4 Мојс 22,3; 5 Мојс 2,4; Ис.Н. 2,9.24Тогаш се збунија поглаварите едомски, страв и трепет ги обзеде кнезовите моавски, се уплашија сите жители ха­нански. 16#15,14; 1 Мојс 35,5; 5 Мојс 2,4; 1 Сам 25,37; Пс 74,2Нека ги опфати страв и ужас; од силата на раката Твоја нека онемеат како камен, додека не помине народот Твој, Господи, додека не помине овој народ што си го придобил. 17#15,13; 23,20; 2 Сам 7,10; Ис 5,2; 60,21; Ер 2,21; Амос 9,15; Јоил 2,1; Пс 78,54.68; 80,9.16; 114,2; 132,13-14; Дан 9,16Одведи го и смести го во планината на Твоето наследство, во место, кое Ти Господи, си го приготвил за живе­алиште Свое, во светилиштето создадено со рацете Твои, Господи! 18#1 Мојс 21,33; Пс 9,7; 29,10; 55,20; 95,3; 96,10; 97,1-6; 99,1-3; 102,13; 145,13; Плач 5,19Господ ќе царува секогаш и во вечност. 19#14,22.28Кога коњите фараонови со колите негови и со коњаниците негови влегоа во морето, Господ ги поврати врз нив водите морски: а синовите на Израел поминаа по суво среде море.“ 20#2,4; 1 Мојс 31,27; 4 Мојс 12,1; 20,1; 26,59; Суд 11,34; 21,21; 1 Сам 18,6; 2 Сам 6,5.14.16; Ер 31,5.13; Пс 30,10; 81,2; 149,3; 150,4; Песна 7,1И пророчицата Мирјам, сестрата Аронова, зеде тимпан во раката своја, а по неа излегоа сите жени со тимпани и со игра. 21#14,28; 15,1; 1 Сам 18,7; Агеј 2,22И запеа Мирјам пред нив: „Пејте Му на Господ, зашто славно се про­слави: коњот и коњаникот в море ги фрли.“
Патувањето на израелскиот народ низ пустината
Горчливата вода
22 # 17,1.3; 1 Мојс 16,7; 20,1; 4 Мојс 20,2.5; 33,14; Пс 107,5 Потоа ги поведе Мојсеј синовите израелски од Црвеното Море, и тие на­влегоа во пустината Сур; и одејќи низ пустината три дена, не најдоа вода за пиење. 23#4 Мојс 33,8; Рута 1,20Дојдоа во Мара, но не можеа да пијат вода во Мара, зашто беше гор­члива; затоа и го нарекле тоа место Мара. 24#16,2; 4 Мојс 14,2; Ис.Н. 9,18Тогаш народот почна да вика против Мојсеј, велејќи: „Што ќе пиеме?“ 25#1 Мојс 22,1; Ис.Н. 24,25; Суд 3,4; Ис 48,10; Пс 81,7Извика Мојсеј кон Господ, и Господ му покажа дрво. Тој го фрли дрвото во вода, и водата стана слатка. Таму му да­де наредби и закони, и таму го подложи на проверка. 26#19,5-6; 20,2-17; 23,22.25-26; 5 Мојс 7,12.15; 11,13; 15,5; 28,1.27.58-60; 32,39; 2 Цар 20,5; Ер 30,17; Пс 30,2; 41,4-5; 103,3; 107,20; Мт 8,1-17И му рече: „Ако го послушаш до­бро гласот на Господ твојот Бог, ако правиш што е угодно пред очите Него­ви, ако ги слушаш заповедите Негови и ако ги пазиш сите наредби Негови, нема да ти пратам ниедна од болестите, што ги пратив над Египет. Зашто Јас сум Господ, твојот исцелител.“ 27#4 Мојс 33,9Потоа стигнаа во Елим; таму има­ше дванаесет извори и седумдесет палми; и се улогорија таму крај водите.

Селектирано:

Излез 15: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се