Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 15:12-18

Излез 15:12-18 MK2006

Ти ја пружи десницата Своја и земјата ги голтна. Според милоста Твоја го водиш овој народ, кого Ти го избави, и го спроведуваш со силата Своја во живеалиштето на Светоста Твоја. Народите слушнаа и затоа трепе­рат: ужас ги опфати жителите на земјата филистејска. Тогаш се збунија поглаварите едомски, страв и трепет ги обзеде кнезовите моавски, се уплашија сите жители ха­нански. Нека ги опфати страв и ужас; од силата на раката Твоја нека онемеат како камен, додека не помине народот Твој, Господи, додека не помине овој народ што си го придобил. Одведи го и смести го во планината на Твоето наследство, во место, кое Ти Господи, си го приготвил за живе­алиште Свое, во светилиштето создадено со рацете Твои, Господи! Господ ќе царува секогаш и во вечност.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност