Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 13:17-22

Излез 13:17-22 MK2006

А кога фараонот го пушти народот, Бог не го поведе по патот преку филистејската земја, иако е пократок; зашто Бог рече: „За да не би да се покае народот, кога ќе види војна, па да се врати во Египет.“ Бог го поведе народот по патот преку пустината кон Црвеното Море. А синовите израелски излегоа од египетската земја вооружени. И ги зеде Мојсеј коските Јосифови со себе; зашто тој ги беше заколнал синовите на Израел, велејќи: „Господ навистина ќе ве посети, а вие тогаш понесете ги коските мои одовде со се­бе.“ И откако појдоа од Сукот, се настанија во Етам, при крајот на пустината. А Господ одеше пред нив, дење како столб од облак, а ноќе во вид на огнен столб, за да им свети; така тие можеа да одат дење и ноќе. И не се иставаше пред народот столбот облак – дење, ни столбот од оган – ноќе.