Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 9

9
Одмаздата на Јудејците
1 # 9,22 Во дванаесеттиот месец, во месецот адар, на тринаесеттиот ден, кога дојде време да се исполни заповедта на царот и на неговата повелба, во тој ден, кога непријателите на Јудеј­ците, се надеваа дека ќе ја земат власта над нив, Јудејците ја зедоа власта над своите непријатели; 2#8,17; 2 Мојс 15,16; 1 Сам 11,7; Пс 105,38; Јов 13,11#2,21; 8,7; 1 Сам 14,10; 25,26се собраа Јудејците во градовите свои по сите области на царот Ксеркс, да ставаат рака врз своите непријатели, и никој не можеше да истрае пред лицето нивно, затоа што стравот од нив ги беше опфатил сите народи. 3И сите кнезови по областите и са­трапите и обласните намесници и извр­шители на царските дела ги помагаа Јудејците, зашто ги беше опфатил страв од Мардохеј. 4#1 Мојс 41,37-45; Ис.Н. 6,27; 9,9Зашто Мардохеј беше силен во царскиот дом, и славата негова се пренесуваше по сите области, бидејќи тој човек, Мардохеј, се издигаше сѐ повеќе и повеќе. 5Јудејците ги погубуваа сите свои не­пријатели, убивајќи ги со меч, ги умртвуваа и ги истребуваа; и постапуваа со непријателите свои по своја волја. 6Во престолнината Суза убија и истребија петстотини души; 7Паршандата, Далфон, Аспата, 8Пората, Адалија, Аридата, 9Пармашта, Арисај, Аридај и Вајизата 10– десетте синови на Амадатовиот син Аман, непријател на Јудејците, ги убија, но за грабеж рака не подадоа. 11Во истиот ден му го соопштија на царот бројот на убиените во престолнината Суза. 12Тогаш ѝ рече царот на царицата Естира: „Во престолнината Суза Јудеј­ците убија и истребија петстотини души и десетмина Аманови синови; а што ли извршиле во другите царски области? Каква е твојата желба? И таа ќе биде удоволена. И каква е уште твојата мол­ба? И таа ќе биде исполнета.“ 13Естира му одговори: „Ако му е на царот угодно, нека им биде дозволено на Јудејците во Суза, да го вршат истото и утре, она што беше денес, и десетте Аманови синови да бидат обесени на бесилка.“ 14Царот заповеда да се направи така. Затоа беше издадена повелба во Суза, и ги обесија десетте Аманови синови. 15Се собраа Јудејците што беа во Суза, исто така и на четиринаесеттиот ден од месецот адар и убија во Суза триста души, но за грабеж рака не пуштија. 16И другите Јудејци, кои се наоѓаа во царските области, се собраа да го заштитуваат својот живот и својот мир од нивните непријатели, па убија од непријателите седумдесет и пет илјади, но за грабеж рака не пуштија. 17Тоа стана на тринаесеттиот ден од месец адар, и на четиринаесеттиот ден од тој месец тие се успокоија и напра­вија ден за гозби и веселби. 18А Јудејците што беа во Суза, се собраа на тринаесеттиот ден и на четиринаесеттиот ден, а на петнаесеттиот ден се успокоија и го направија ден за гозби и веселби. 19#5 Мојс 3,5; 1 Сам 6,18; Ез 38,11; Зах 2,8; Неем; 8,10-12Затоа Јудејците селани што жи­вееја во неутврдени села, го поминуваат четиринаесеттиот ден на месец адар во веселби и гоштевки, како празник, и за­емно си испраќаат пода­роци; а оние што живеат во утврдените градови, го поминуваат и петнаесеттиот ден на адар во добра веселба и им испраќаат подароци на блис­ките.
Востановување на празник за спомен
20Мардохеј ги опиша тие настани и испрати писма до сите Јудејци во областите на царот Ксеркс, до блис­ките и далечните, 21за да го востановат и секоја година да го празнуваат четиринаесеттиот ден од месецот адар и неговиот петнаесетти ден, 22како дни, во кои Јудејците се сми­рија од своите непријатели, и како таков месец, во кој се претвори кај нив жа­лоста во радост и тагата – во празник, – за да ги направат дните за гоштевки и веселби, при што заемно да си испраќаат подароци и дарови на сиромасите. 23Јудејците го примија тоа, кое веќе сами беа почнале да го прават и за кое им напиша Мардохеј, 24#3,7дека Вугеецот Аман, Амадатов син, непријател на сите Јудејци, мислеше да ги погуби Јудејците и фрлаше ждрепка, за да ги истреби и погуби, 25и како Естира отиде кај царот и како царот заповеда со ново писмо злосторничкиот план на Аман што бе­ше намислил за Јудејците да се сврти против главата нивна, и да го обесат него и синовите негови. 26Затоа и ги нарекоа тие дни Пурим, од зборот пур – ждрепка. Ете зашто, согласно со сите зборови од тоа писмо и со она што сами го видоа и пропатија, 27Јудејците се обврзаа и прифатија за себе и за децата свои и за сите што се присоединуваа кон нив, неодменливо да ги празнуваат тие два дена, според заповеданото за нив и на времето нивно, секоја година; 28и да бидат тие дни за сеќавање и празнувани во сите родови, во секое племе, во секоја област и во секој град; а тие дни Пурим да не се менуваат кај Јудејците, па споменот за нив да не исчезне кај децата нивни. 29Напиша и царицата Естира, ќер­ка Авихаилова, и Јудеецот Мардохеј, најупорно да го исполнуваат тоа ново писмо за Пурим; 30и испратија писмо со зборови за мир и правда до сите Јудејци во сто дваесет и седум области на царот Ксеркс, 31#4,15-17; Ис 15,5.8; Ер 18,22; 20,16; 50,46за да ги пазат постојано тие дни Пурим за времето нивно, како што ги установија за нив Јудеецот Мардохеј и царицата Естира и како што сами ги определија за себе и за децата свои, во дните на пост и плачење. 32Така заповедта на Естира ја потврди таа наредба за Пурим, а таа се запиша и во книгата.

Селектирано:

Естира 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност