Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 4:6-16

Естира 4:6-16 MK2006

Хатах отиде кај Мардохеј на градскиот плоштад што беше пред царската порта. Мардохеј му раскажа за сѐ што се беше случило со него, и за определеното количество сребро, што Аман го бе­ше ветил да го одмери во царската риз­ница за да бидат истребени Јудејците; и му врачи препис од повелбата, објавена во Суза, за истребувањето нивно за да ѝ ја покаже на Естира, та таа да дознае за сѐ; притоа ѝ порача да оди кај царот и да му се моли за својот народ. Хатах дојде и ѝ ја предаде на Естира пораката на Мардохеј. И му рече Естира на Хатах, испраќајќи го, да му каже на Мардо­хеј: „Сите слуги кај царот и народите во царските области знаат дека секој, било тоа маж или жена, што ќе влезе кај царот од внатрешниот двор, а да не е повикан, го очекува една пресуда – смрт; само оној, кон кого царот ќе го пружи својот златен жезол, останува жив. А јас не сум повикана кај царот еве веќе триесет дена.“ И му ги пренесоа на Мардохеј зборовите на Естира. Мардохеј во одговор ѝ рече на Естира: „Не мисли дека ти единствена од сите Јудејци ќе се спасиш во цар­скиот дом. Ако ти премолчиш во ова време, тогаш слободата и спасението на Ју­дејците ќе дојде од друго место, а ти и домот на таткото твој ќе загинете. И кој знае, дали токму за вакво време не си достигнала царско достоинство?“ А Естира му одговори на Мар­дохеј, велејќи: „Оди, собери ги сите Јудејци што се наоѓаат во Суза, и постете за мене, и не јадете, и не пијте три дена, ни дење ни ноќе, и јас со слугите свои исто така ќе постам и потоа ќе одам кај царот, иако е тоа и против зако­нот, па ако загинам – нека загинам.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност