Естира 3
3
Судирот помеѓу Аман и Мардохеј
1 #
2 Цар 25,28
Потоа царот Ксеркс го возвеличи Вугеецот Аман, син Амадатов, го воздигна и го постави престолот негов погоре од престолите на сите свои кнезови; 2и сите слуги на царот, кај царската порта се поклонуваа и паѓаа ничкум пред Аман, бидејќи така беше заповедал царот. Но Мардохеј не му се поклонуваше и не паѓаше на колена. 3И му говореа на Мардохеј царските слуги кај царската порта: „Зошто ја кршиш царевата заповед?“ 4Но иако му говореа така секој ден, тој сепак не ги слушаше. Тогаш му јавија на Аман, да видат ќе остане ли на зборот свој Мардохеј, бидејќи им беше рекол дека е Јудеец. 5Откако виде Аман дека Мардохеј не се поклонува и не паѓа ничкум пред него, се исполни со гнев. 6Но тој помисли дека не е добро да става рака само на Мардохеј; но бидејќи му рекоа, од кој народ е Мардохеј, Аман намисли да ги истреби сите Јудејци во целото Ксерксово царство, како народ на Мардохеј. 7#9,24; Ис 34,17; Јона 1,7; Изреки 1,14; Неем 11,1; 1 Лет 24,31Па свика совет во првиот месец, односно месецот нисан, во дванаесеттата година од владеењето на царот Ксеркс, и фрлаа ждрепка пред Аман од ден на ден и од месец на месец, и падна ждрепката на тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, односно месецот адар кога требаше да го погубат Мардохеевиот народ.
Аман подготвува истребување на Јудејците
8 #
4 Мојс 23,9; Дан 3,12; Езд 4,12-15 И Аман му рече на царот Ксеркс: „Има еден народ, распрснат меѓу народите по сите краишта на твоето царство; законите нивни се разликуваат од законите на сите народи, и царските закони тие не ги исполнуваат; па не треба царот така и да ги остави. 9Ако му е на царот угодно, нека заповеда да бидат истребени, и десет илјади кикари сребро ќе измерам за да бидат внесени во царската ризница.“ 10#1 Мојс 41,42Тогаш царот го извади од раката прстенот свој и му го даде на Вугеецот Аман, синот Амадатов за да стави печат на повелбата против Јудејците. 11#8,8; 1 Мојс 16,6; 19,8; Суд 10,15; 19,24И му рече царот на Аман: „Ти го предавам тебе тоа сребро и народот; прави со нив што сакаш.“ 12#1,22И беа свикани царските писари во првиот месец, во тринаесеттиот негов ден, и беше напишано, како што заповеда Аман, до царските намесници на секоја област, до кнезовите на секој народ, – на секоја област со нејзиното писмо, и до секој народ на јазикот негов: сѐ беше напишано од името на царот Ксеркс и потврдено со печатот од царскиот прстен. 13#8,11И беа испратени писма преку брзоодци до сите царски области за да бидат убиени, погубени и истребени сите Јудејци, од најголем до најмал, деца и жени, во еден ден, во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, односно, месец адар, и имотот нивен да биде разграбен. 14#8,13Препис од писмото да се испрати до секоја област, како закон, што им се објавува на сите народи за да бидат спремни за оној ден. 15#8,14; 2 Мојс 14,3; Јоил 1,18Брзоодците тргнаа брзо со царската заповед. Повелбата беше објавена и во престолнината Суза: а царот и Аман седеа и пиеја, а градот Суза беше вознемирен.
Селектирано:
Естира 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006