Естира 2
2
Естира станува царица
1 #
7,10
Откако стивна гневот на царот Ксеркс, тој се сети на Астина и на она што го направи таа и за решението за неа. 2#1 Цар 1,2-4И рекоа царските слуги, што му служеа: „Да се побараат за царот млади и убави девојки, 3а царот да определи во сите области на царството пратеници што ќе ги соберат сите млади и убави на изглед девојки во престолнината Суза, во женскиот дом под надзор на царскиот евнух Хегај, чувар на жените, и да им дадат сѐ што е потребно за дотерување. 4И која девојка ќе му се допадне на царот, таа да стане царица наместо Астина. Му се допаднаа на царот тие зборови, и тој постапи така.“ 5#1 Сам 9,1; 2 Сам 16,5-7; 16,13; 1 Цар 2,8-9; 2,36-46; Езд 2,2; Неем 7,7Имаше во престолнината Суза еден Јудеец, по име Мардохеј, син на Јаир, син на Семеј, син на Кис, од Венијаминовото племе. 6#2 Цар 24,10-16Тој беше преселен од Ерусалим со плениците, протерани заедно со јудејскиот цар Јехонија, што го беше преселил вавилонскиот цар Навуходоносор. 7#1 Мојс 29,17; 39,6; 5 Мојс 21,11; 1 Сам 25,3Тој ја воспитуваше Хадаса – односно Естира – ќерка на чичко му, бидејќи таа немаше ни татко, ни мајка. Таа девојка имаше тенка става и убаво лице, а по смртта на татко ѝ, Мардохеј ја прибра кај себе како своја ќерка. 8Кога беше објавена заповедта на царот и указот негов, и откога беа собрани многу девојки во престолнината Суза под надзор на Хегај, тогаш беше земена и Естира во царскиот дом под надзор на Хегај, чуварот на жените. 9#2,15; Дан 1,3-5.9Таа девојка му се допадна и ја придоби неговата наклоност, и тој побрза да ѝ даде масла и сѐ што ѝ припаѓа, и да ѝ определи седум достојни девојки да бидат покрај неа, во царскиот дом, па ја премести неа и девојките нејзини во најубавото одделение на женскиот дом. 10Естира не го кажуваше ни народот свој, ни потеклото свое, бидејќи Мардохеј ѝ беше заповедал да не кажува. 11И секој ден Мардохеј доаѓаше во дворот на женскиот дом за да дознае за здравјето на Естира и што станува со неа. 12Кога доаѓаше времето на секоја девојка да влезе кај царот Ксеркс, откако дванаесет месеци по ред беше извршувано над неа сѐ, определено за жените, – зашто за толку време продолжуваа дните на дотерувањето нивно: шест месеци со смирново масло и шест месеци со благопријатни мириси и со други женски работи – 13дури тогаш девојката влегуваше кај царот. И што и да побараше таа, ќе ѝ дадеа и со тоа одеше од женскиот дом во домот на царот. 14#4,11Вечерта таа влегуваше и утредента се враќаше во друг женски дом под надзор на царскиот чувар на наложниците; и веќе не влегуваше кај царот, – освен ако царот ја побараше, и ќе ја повикаа по име. 15Кога дојде време за Естира, ќерка на Авихаил, чичко на Мардохеј, кој ја беше прибрал кај себе место ќерка, – да оди при царот, таа не побара ништо, освен она што ѝ го кажа царскиот дворјанин Хегај, чувар на жените. И Естира им се допадна на сите што ја видоа. 16И беше земена Естира кај царот Ксеркс, во неговиот царски дом, во десеттиот месец, односно во месецот тевет, во седмата година од царувањето негово. 17Царот ја засака Естира повеќе од сите жени, и таа ја доби неговата благонаклоност и љубов повеќе од сите девојки; тој ѝ стави на главата царски венец и ја постави за царица на местото на Астина. 18#1,7; 1 Цар 10,13И царот им приреди голема гозба на сите свои кнезови и слуги кај него, – гоштевање поради Естира, и им даде олеснувања на областите и раздаде подароци со царска штедрост. 19И кога вториот пат беа собрани девојките, и Мардохеј седеше кај царската врата, 20Естира сѐ уште не говореше за своето потекло и за народот свој, според она како што ѝ беше заповедал Мардохеј; и зборот на Мардохеј го исполнуваше и сега така, како и кога беше кај него на воспитување.
Мардохеј открива една завера
21 #
2 Цар 12,10; 22,4; 23,4 Во тоа време, кога Мардохеј седеше пред царската порта, двајцата царски дворјани Бигетан и Тереш, кои го чуваа прагот, се озлобија поради тоа што беше претпочитан Мардохеј, па размислуваа како да стават рака врз царот Ксеркс. 22Кога дозна за тоа, Мардохеј ѝ соопшти на царицата Естира, а Естира му кажа на царот од името на Мардохеј. 23Работата беше испитана и се утврди дека е тоа вистина, и тие двајцата беа обесени на дрво. И тоа се запиша во книгата на царскиот летопис.
Селектирано:
Естира 2: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006