одлучете се за она што Му е мило на Бога! Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги! Зашто за она што го прават скришум, срамно е и да се зборува. А сѐ што е изобличено, светлината го прави јавно; бидејќи сѐ што е јавно, светлина е. Затоа е речено: „Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!“ Па така, внимавајте добро како живеете! Не како безумни, туку како мудри; ползувајте го времето, зашто дните се лукави. Затоа немојте да бидете неразумни, туку распознајте што е волјата Божја! И не опивајте се со вино, во него има разврат, но исполнете се со Дух. Разговарајте меѓу себе со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господ во срцата ваши; благодарејќи Му секогаш за сѐ на Бога и Отецот, во името на нашиот Господ Исус Христос
Прочитај Ефесјаните 5
Слушај Ефесјаните 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Ефесјаните 5:10-20
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа