Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 4:1-16

Ефесјаните 4:1-16 MK2006

Браќа, јас, затвореник во Господ, ве молам да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани, со сета понизност и кротост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден со друг со љубов, трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот. Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на ваше­то звање. Еден Господ, една вера и едно крш­тение, еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сѐ, и преку сите, и во сите нас. А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Хрис­тов. Затоа е и речено: „Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето.“ А што означува „издигајќи се“, ако не тоа дека Тој слезе пред тоа во најдолните места на земјата. Слегнатиот е истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ. И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовести­тели, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите во де­лото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота, та да не бидеме веќе мали деца што ги лула и занесува секој ветар на лаж­ните учења, преку човечките заблуди, во лукавството на измама кон заблуда. Туку со љубов држејќи се за вистината во секој поглед да растеме во Оној, Кој е глава, Христос. Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.